Реклама

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Прилози

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Апокалиптични сцени на опустошени улици, изгорени автомобили и објекти, искршени излози и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апокалиптични сцени на опустошени улици, изгорени автомобили и објекти, искршени излози и ограбени продавници, меѓу кои и оние на луксузните светски брендови… По тензичната ноќ, сликата од Париз, но и од Лимож, Лион, Марсеј и Бордо, сведочи за хаосот и насилствата кои траеја доцна во ноќта. Комуналните служби и пожарникарите го расчистуваат теренот и ги гаснат остатоците од опожарените и пеплосани автомобили, велосипеди, мопеди и контејнери.

Проценките се дека синоќа на улица имало помеѓу половина и еден милион луѓе. Францускиот премиер соопшти дека досега се уапсени над 1200 лица, а повредени се 150 полицајци. Официјално има и еден починат во болница откако му се слошило на протестите. Во Бордо полицијата со солзавец ги развбиваше демонстрантите, а во Лимож беше запалена и градската општина од 19 век.

„На оние кои сакаат да го искористат ова насилство како подготовка за претседателските избори им порачувам дека нема да нè заплашат. Никој нема да ја наметне својата политичка агенда со насилство“, изјави францускиот премиер Себастијан Лекорну.

Реклама

Претседателот Макрон повика на единство и порача дека одговорните за насилството мора да се соочат со последиците.

„Сите ќе бидеме обединети против оние што шират хаос, чија единствена цел е да ги поткопаат нашите институции и да ги спречат луѓето мирно да ги изразуваат своите барања“, објави францускиот претседател, Емануел Макрон на платформата „Икс“.

Министерот за трговија најави помош за трговците чии објекти биле уништени или ограбени, а министерот за правда побара од обвинителствата одлучно да постапуваат против осомничените за насилство и грабежи, вклучително и со барања за притвор.

Градските власти во Париз и Марсеј ја критикуваа полициската реакција, оценувајќи дека немало доволно сили за да се спречат грабежите и уништувањето на имотот. Но, не гореше само во Франција. Протести и немири се случуваа и во другите европски земји, како Италија, Белгија и Португалија, каде што илјадници млади протестираа и се судрија со полицијата. Причина за протестите е растечкото незадоволство од високите цени и трошоците за живот.