Реклама

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Македонија

„Игнорирање и инклузија“ – јавна дебата на лица со телесен инвалидитет во Битола

Се соочувавме и со игнорирање и со инклузија, ние ја придвижуваме инклузијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се соочувавме и со игнорирање и со инклузија, ние ја придвижуваме инклузијата затоа што никој нема да се сети за нашата инклузија, ако сами не го подигнеме гласот. Верувам дека процесот на инклузија и општество еднакво на сите ќе биде што е можно побрзо остварлив, истакна претседателот на „Мобилност – Македонија“, Бранимир Јовановски, на денешната јавна дебата на тема „Игнорирање и инклузија“ што се одржа во Битола.

Според првиот човек на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија, „Мобилност“, голем е спектарот на отворени проблеми и секоја активност што води кон подигнување на јавната свест е добредојдена.

-Процесот на инклузија и се што им се случува на лицата со инвалидност и попреченост во тој процес, можеби наизглед е лесен, но сепак е многу тежок и комплициран. Кога велиме инклузија, некој мисли дека на луѓето им се овозможила минимална можност да излезат на улица, притоа немислејќи дека вистинска инклузија значи дека лицата треба да имаат пристап до квалитетни ортопедски помагала, да имаат институции и училишта без бариери за да се едуцираат до највисоките лични можности. Голем е спектарот на отворени проблеми и секоја активност што води кон подигнување на јавната свест во оваа област е добредојдена. Верувам дека процесот на инклузија и општество еднакво на сите ќе биде што е можно побрзо остварлив- истакна Јовановски и додаде дека во минатото се соочувавме и со игнорирање и со инклузија. Ние ја придвижуваме инклузијата затоа што никој нема да се сети за нашата инклузија, ако сами не го подигнеме гласот. 

Реклама

На јавната дебата во Битола, м-р Биљана Тодоровска говореше за емпатијата која според неа е на нисоки ниво.

-Најголем дел од општата средба со луѓето како проблем според мене е емпатичноста. Пристапот на инвалидите скоро насекаде е отежнат, насекаде паркирани автомобили, ниско ниво на емпатија, на емоционална свесност и совесност. Општеството не е само за оние кои можат или кои се моќни, напротив општеството е за сите и за немоќните. Препорачувам вклучување на поголем дел од образованието, воведување наставен предмет за емпатија за да се подигне нивото на свесност кај децата, да се читаат книги бидејќи на тој начин се зголемува емпатијата – истакна Тодоровска.

За темата „Игнорирање и инклузија“ пред аудиториумот во Битола говореа и д-р Нико Јанков и м-р Василчо Илијев.