Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

НУ Завод и Музеј Битола домаќин на меѓународна студентска конференција посветена на Преспанскиот регион Битола, 19 октомври 2026

Во рамки на проектот ACT4PRESPA, поддржан од Европската Унија преку програмата „ЕУ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на проектот ACT4PRESPA, поддржан од Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“, НУ Завод и музеј Битола реализира трилатерална тридневната студентска конференција на тема „Културното и природното наследство во Преспанскиот Регион како средство за комуникација меѓу вековите – современи перспективи“, која се одржа во Претор.

На отворањето на конференцијата се обратија д-р Мери Стојанова, координаторка на проектот ACT4PRESPA, Маргарета Спасов, директорка на НУ Завод и музеј – Битола и Маријана Милевска, проектна менаџерка во УНДП во рамките на програмата „ЕУ за Преспа“.

-Преспа не е само географски простор, туку жив сведок на времето, во кој природата и културата со векови се испреплетуваат. Преку оваа конференција им обезбедивме простор на младите истражувачи да ги согледаат овие вредности од нивна, современа перспектива и поттикнавме нови идеи и иницијативи за заштита и промоција на културното наследство, истакна д-р Мери Стојанова, координаторка на проектот ACT4PRESPA.

Реклама

На конференцијата учествуваа претставници и студенти од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Институтот за заштита на архитектонското наследство, историја на архитектурата и уметноста при Архитектонскиот факултет во Скопје, Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча и Одделот за балкански, словенски и ориентални студии на Солунскиот Универзитет.

Посебен акцент во програмата беше ставен на поврзувањето на академското знаење со практичното искуство. Во рамките на теренската посета на село Љубојно, како заштитена споменичка целина, учесниците непосредно го истражуваа наследството и дискутираа за можностите за негова заштита, интерпретација и одржливо користење. Овој пристап овозможи поврзување на истражувачките сознанија со локалниот контекст и значењето на наследството за заедниците, соопштија од НУ Завод и Музеј Битола.