Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Реконструирана и асфалтирана улица од 800 метри во Чифлик, реализирани низа други инфраструктурни проекти во Чешиново – Овлешево

Улицата “Прохор Пчински” во селото Чифлик е комплетно реконструирана и асфалтирана и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Улицата “Прохор Пчински” во селото Чифлик е комплетно реконструирана и асфалтирана и од денеска може да се користи. Станува збор за проект вреден 12 милиони денари со кои финасиски е покриена ревитализацијата на оваа улица долга 800 метри.

Според градоначалникот на Општината Чешиново – Облешево, Јорданчо Костадинов, низа вакви инфраструктурни проекти се реализирани во првата година, откако тој е на позицијата прв човек на таа Општина.

Помеѓу другите, Костадинов ги спомена асфалтирањето и  реконструкцијата на  улица во село Кучичино, изградбата на нова улица во населено место Теранци, потоа, реконструкцијата на улицата Сремска во Облешево, лоцирана во централното подрачје, воведувањето на сообраќаен режим со што, исто така во Овлешево, се овозможи побезбедно движење на пешаците.

Реклама

Во општинскиот центар Облешево извршена е и целосна реконструкција на паркот, додека, пак, во населеното место Спанчево реконструирана и асфалтирана е улицата 1 Мај. Во Спанчево за прв пат по 20 години  исчистен е одводниот канал, за кој е направен проект за негово ново урбанистичко решение. Во Соколарци игралиштето е опремено со  соодветна спортска подлога, а таму Општината е во фаза на завршување на проект со кој Соколарци комплетно ќе биде покриено со канализациона мрежа.

-Во Чешиново во завршна фаза е изградбата на вториот крак од улицата Маршал Тито, а во  селото Бање планираме да изградиме модерен бањолошки центар, за што завршуваме со подготовка на сета потребна документација – нагласи градоначалникот на Општината Чешиново – Овлешево, Јорданчо Костадинов во својата изјава пред претставниците на медиумите.

Денеска во селото Чифлик на пуштањето во употреба на улицата Прохор Пчински присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја поздрави агилноста на градоначалникот Костадинов и вети владина поддршка и понатаму за проекти кои допрва треба да се реализираат во Чешиново – Облешево.