Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

„Сѐ што остана беше приказна“ – нов филм во режија на Лидија Мојсовска

На 1.700 метри надморска височина, на Јабланица, заврши снимањето на краткометражниот игран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 1.700 метри надморска височина, на Јабланица, заврши снимањето на краткометражниот игран филм – „Сѐ што остана беше приказна“, инспириран од контроверзни вистински настани, во режија на Лидија Мојсовска, а во продукција на „Минимал колектив“ и ко-продукција на „Сикониа филм“ и „Контраст филм“, соопштија денеска од тимот.

Мојсовска, режисерката која е еден од основачите, креативен продуцент на филмскиот фестивал „Дрим шорт“ во Струга, а позната на филмската сцена по двата многу успешни кратки филмови – „Награда“ и „Само ѓаволот се плаши од вода“, како и ко-сценарист на актуелниот долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума, овојпат, како што се додава во соопштението, се претставува со нов краткометражен филм со ударна тема инспирирана од вистински настани во Струга и регионот.

– Има приказни што не ги избираме. Тие нè избираат нас. Оваа вистинска приказна од мојот – Струшкиот регион за кој живеам и се борам со години, беше инспирирана и создадена од сведоштва за вистински судбини покрај границата со Албанија, кои сум ги сведочела одблиску, во мојата блиска околина – наведува режисерката.

Реклама

Таа вели дека знаела оти овој филм морал да се создаде онаму каде што се случиле вистинските настани.

– Снимавме на Лабунишките бачила, на 1.700 метри надморска височина, на променливо време со многу ветрови, но и во Јабланица на семејниот имот на Нелко Будиноски, еден од последните овчари во овој регион. Затоа работевме во комбинација со професионални актери и со натуршчици, луѓе чии раце, лица и чекори ја носат вистината – се додава во соопштението.

Главниот лик, како што се додава, го барале со месеци – низ селата во Струшко, Демирхисарско и Охридско.

– Го најде нашата кастинг-директорка Киријана Николовска, сосема случајно, на пат во Вевчани. Небојша не знаеше што значи снимање филм. Не сакаше ни да слушне, велеше: „Кај ме најдовте мене од сите”. Одбиваше. Денес вели дека снимањето му го смени животот. Пред да почне снимањето, во подготвителниот период овчарот Нелко го учеше Небојша на сè: како се држи стапот, како се молзе, како се смирува стадо со глас. Ден по ден, сè додека Небојша не престана да глуми овчар и не почна да биде овчар. Во Демир Хисар, ни ги отворија вратите на своите села и ни помогнаа да ги најдеме луѓето и местата што ги баравме – појаснува таа.

Од 27 до 30 септември, филмската екипа патувала низ неколку локации, од селото Јабланица и Лабунишките бачила, преку Струга, до село Слоештица, а дел од екипата бил и директорот на фотографија, феноменалниот Жан Дакар – со двојна Еми-номинација годинава и познат на јавноста по документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска.

Филмот е по сценарио на Лидија Мојсовска и Јаков Попоски, а продуцентка на филмот е Ивана Шекуткоска – позната на филмската сцена по „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски, „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески, „Руини“ на Елена Чемерска. Ко-продуценти се Тамара Котевска, на филмската сцена позната по „Приказната за Силјан“ и „Медена земја“ и Дејан Димески, македонски кинематографер со богато филмско искуство, меѓу чии кредити се „Исцелител“, „Балканот не е мртов“ и „Ослободување на Скопје“.

Филмот го реализирала екипа составена од директорот на фотографија – Жан Дакар, костимографката – Жаклина Крстевска, сценографот – Симо Бранов, шминкерката – Жанета Димитриевска, кастинг – директорката Киријана Алушевска Николоска, снимател на звук – Марко Рикаловски. Монтажерка – Сандра Ѓоргиева. Извршен продуцент – Петар Шимлеша.

„Сѐ што остана беше приказна“ е поддржан од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, што се имплементира од Хартефакт фонд. Филмот е дел од проектот „Преку тишината“, во продукција на „Минимал колектив“ во соработка со партнерската организација „Локална агенција за развој – Струга (ЛДА)“.