Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

МНРиНТ: Неточна информација е дека има оштетување и отстранување на табла на Амбасадата на Македонија во Софија

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите, во кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите, во кои се пренесува објава од социјалните мрежи за наводно оштетување и отстранување на официјалната табла на Амбасадата на Македонија во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточна информација-се вели во соопштението од МНР и НТ.

Имено, од страна на вработените во Амбасадата е отстранета таблата поставена надвор од објектот на Амбасадата, која не била изработена согласно со воспоставените стандарди на Министерството. Официјалните табли на Амбасадата, на кои името на државата е правилно испишано, се на своето место и се целосно во функција.

Министерството апелира при известувањето за прашања поврзани со дипломатско-конзуларните претставништва да се почитуваат фактите и информациите да се проверуваат преку официјални извори пред нивното објавување. Пласирањето и пренесувањето непроверени и неточни информации не придонесува за објективно информирање на јавноста и непотребно создава погрешна претстава во јавноста.