Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Полесен пристап до заедничкиот европски пазар, полесно вклучување во платежниот систем на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полесен пристап до заедничкиот европски пазар, полесно вклучување во платежниот систем на ЕУ, побрзо укинување на Роамингот, и се тоа уште пред полноправно членство во Европската Унија. Ова го предвидува новиот документ за проширување. Се планира поголема интеграција на земјите кандидати, меѓу кои е и Македонија, потврди еврокомесарката Марта Кос. На панел дискусија на Бледскиот стратешки форум, истакна дека Брисел планира да ги прошири областите, каде аспирантите може да се приклучат, уште пред полноправно членство во ЕУ. Во документот за кој ќе се дискутира во октомври, ќе има четири области.

-Една од нив ќе биде како повеќе да се користи постепената интеграција на кандидатките. Постепена интеграција значи земјите кандидатки да добијат некои бенефиции пред членството. Сега морате да исполните 100 процентно преговори за да станеме членка. Постојат СЕПА и Роаминг каде кандидатките можеа веќе да ни се приклучат, но можностите се далеку поголеми. На пример заедничкиот пазар би можел да биде исто дел од оваа постепена интеграција. Потоа може да има нови безбедносни структури и друго каде и земјите-членки имаат корист, изјави Кос.

Од Самитот во Блед шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, оцени дека од Брисел доаѓаат охрабрувачки сигнали за нов пристап кон политиката на проширување и нејзиното приспособување кон актуелниот геополитички контекст. Според него вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на ЕУ, што би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени. Муцунски потенцираше дека барањето на Македонија е јасно– европската интеграција да биде модел за трансформација на институциите, а не обид за трансформација на нашите идентитети.

-Но во нашиот регион не само што е правично за нас да видиме акција, туку мислам дека заслужуваме да видиме акција, поради тоа колку се посветени нашите опшстества и колку се посветени нашите Влади. Нашата единствена молба е да ја гледате европската интеграција како модел за трансформција на нашите институции, а не да се обидувате да ги трансформирате нашите идентитети. Оценујавте не врз основа на заслуги и оценувајте не во ова геополитички турбулентно време, дали сме усогласени со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија, изјави Муцунски.

Реклама

Според најавите и очекувањата контурите за следното проширување на ЕУ треба да бидат дефинирани на Самитот на лидерите во октомври во Брисел. Покрај тоа, таму се очекува главни теми да бидат и други проблематични прашања, како што е усогласувањето на следната буџетска рамка на ЕУ за периодот по 2027-та, како и демократското назадување во некои од земјите членки.

Матеја Петровски