Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта

Во гаснењето на пожарот во Лакавичкиот Регион во општина Штип се вклучуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во гаснењето на пожарот во Лакавичкиот Регион во општина Штип се вклучуваат и ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)  и два хеликоптери на МВР и на АРМ, најави во вонредната изјава од лице место директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Тој посочува дека покрај реката Лакавица има околу стотина викендици и засега пожарникарите и доброволците пожарникари имаат контрола на повеќе места и како што вели барем на делот кој ги загрозува викендиците, а по гаснењето на овој крак на пожарникарите ќе им остане под контрола да го стават и пожарот кој оди кон планината Серта. 

-Голема благодарност  до сите пожарникари, кои со  надчовечки напори успеаја да ја стопираат линијата на огнот, која ме загрижи,  бидејќи постоеше голема опасност за многубројните викендици кои во суштина се покрај  пресушената река Лакавица  и по број се поголеми од едно големо македонско село.  Во овој појас има стотина викендици. Засега има контрола, на повеќе места се поставени доволен број пожарникари очекувам до вечер да имаме контрола  барем на делот кој  ги загрозува вкендиците, а потоа останува да го ставиме под контрола горниот дел  кој се движи во насока на планината  Серта-вели Ангелов.

Тој истакна дека значителни сили  на пожарникари од сите професионални единици од Источна Македонија се вклучени во гаснењето на овој пожар.

Реклама

-Но, истовремено побарав поддршка и од огнените тимови на Дирекцијата со доброволни пожарникари кои се овде на лице место.  Тука имаме повеќе   противпожарни возила, БТР на ДЗС  кој служи за одбрана на блисите викендици, но и повеќе пинцгауери-рече Ангелов. 

Од Центарот за управување со кризи информираа дека во државава се активни пет пожари од регистрираните 22  на отворен простор денеска до 18 часот.  Пет пожари се под контрола, а 12 се изгаснати

Покрај пожарот во општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација,  активни пожари има во општина Струга на територија на селата Пискупштина, Луково и Буринец, каде гори шума,  во општина Сарај во регионот на селата Копаница и Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација), во Долно Арнакија, општина Сарај (ниска вегетација), како и во село Гошинце, општина Липково (миска шума).