Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Убиец кој во Македонија се бара по потерница, се појавува во Бугарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убиец кој во Македонија се бара по потерница, се појавува во Бугарија на телевизиски Вести. Симеон Михаилов кој е осуден убиец во Македонија и се бара да одлежи 12.5 години затвор, се појави на Бугарската телевизија БТВ да ја брани ќерката, Ива Михаилова, на која во Кочани и се суди за предзвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици – случај кој Бугарија со сите сили се обдиува да го политизира поради нејзиното двојно државјанство. Бегалецот Михаилов кој има бугарски пасош, бара македонскиот суд да ја пушти неговата ќерќа да се лекува во Софија, иако за неа веќе има изречено мерка забрана за напуштање на државата.

Водител на „БТВ“: Да, во моментот кога разбираат дека има и бугарски пасош, пред вратата на Спаска во болницата застануваат полицајци. Ајде да разгледаме друга хипотеза: доколку Спаска, да речеме, имаше српско, турско или американско државјанство, ако штете, ќе го водевме ли овој разговор изворно во моментов? Или ова е само затоа што е Бугарка во Македонија?

Симеон Михајлов, татко на Ива: Ние… да, доколку Ива беше со српско државјанство, досега такво нешто немаше ни да се случи, ниту ќе имаше потреба од таква поддршка или помош за нејзиното здравје. Со сигурност ќе беше хоспитализирана во Србија со службени возила на владата на господинот премиер Мицкоски, дури ќе имаше и извинување до господинот претседател на Србија. Работите се брутални кон одредени националности во оваа држава. Таму сè можеш да бидеш, само не и Бугарин.

Реклама

Михаилов, кој се претставува како голем борец за праватa на Бугарите е осуден за обид за убиство на Драганчо Стоименов во скопската населба Аеродром, во случај поврзан со кочанската група „Детонатор“. Тој бил суден и за злосторничко здружување и насилство.

Првично му била изречена доживотна казна затвор, која во понатамошната судска постапка била намалена, а Македонија сега го бара за издржување на правосилнa затворска казна од 12,5 години.

Од случајот со Михаилова, Бугарија сака да направи и скандал за наводно непочитување на Бугарите во Македонија. Дури и шестмина бугарски пратеници дојдоа да го следат судското рочиште на обвинетата за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени.