Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Пет активни пожари низ државата

Пет пожари се активни од регистрираните 22  на отворен простор низ државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет пожари се активни од регистрираните 22  на отворен простор низ државата денеска до 18 часот.  Пет пожари се под контрола, а 12 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, гори ниска вегетација, а шума во општина Струга на територија на селата Пискупштина, Луково и Буринец. Нискостеблеста шума и ниска вегетација се зафатени со пожар во општина Сарај во регионот на селата Копаница и Радуша. Ниска вегетација гори во Долно Арнакија, општина Сарај. Ниска шума е опожарена во село Гошинце, општина Липково.

Од пожарите под контрола, три се на територија на општина Македонски Брод. Нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат се опожарени во подрачјето на селата Битово, Заград и Страјане. Ниска вегетација и шума се опожарени во село Драгов Дол. Во село Белица, исто така, опожарени се ниска вегетација и шума. Четвртиот пожар под контрола е на територија на општина Зелениково, над селото Палиград опожарена е мешана шума. Градската депонија „Острец“ е опожарена во општина Делчево.

Реклама

Од изгаснатите пожари, два се на територија на општина Прилеп. Останатите се во регионот на општините Боговиње, Валандово, Велес, Виница, Гостивар, Долнени, Липково, Ново Село, Ранковце, Сарај.