Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ФК „Форца Бела“ и ФК „Карев“ победници на младинскиот турнир „Лепенец куп 2026“

ФК „Форца Бела“ во генерацијата 2016 и ФК „Карев“ во генерацијата 2017…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ФК „Форца Бела“ во генерацијата 2016 и ФК „Карев“ во генерацијата 2017 се победници на дводневниот младински фудбалски турнир „Лепенец куп 2026“, кој денеска заврши во населбата Бардовци, во рамки на Карпошовото културно лето 2026.

Како што стои во соопштението на Општина Карпош, на турнирот којшто по втор пат се одржува со поддршка на Општината, учествуваа 32 екипи составени од млади фудбалери на девет и десетгодишна возраст, поделени во две генерации – 2016 и 2017 година.

– Првото место во генерацијата 2016 го освои тимот на ФК „Форца Бела“, која славеше убедливо над своите соперници од ФК Водно, со резултат 7:1. Во борбата за третото место поуспешни беа ФК Њу Старс, кои со резултат од од 4:2 славеа над ФК „Албион“. Титулата најдобар стрелец во оваа категорија ја понесе десетгодишниот фудбалер Афан Рамадани од ФК „Албион“, кој постигна 16 голови на турнирот – стои во соопштението.

Реклама

Во генерацијата 2017, додаваат, ФК „Карев“ во неизвесно финале го совладал ФК „Бутел“ со 2:1 со што го освоил златниот трофеј. Бронзениот медал, пак, го освоил ФК „Албион“, кој во натпреварот за третото место со 4:3 го совладал ФК „Сарај“.

– До златниот трофеј во генерацијата 2017, во крајно неизвесен меч, екипата на ФК Карев триумфираше над своите ривали од ФК Бутел со резултат 2:1. Во за третото место, бронзата ја однесе ФК Албион, кој во неизвесен меч славеше над ФК Сарај со резултат 4:3. Во оваа категорија младинци, за најдобар стрелец беше прогласен деветгодишниот фудбалер Анис Шабани од ФК Албион, со постигнати 15 голови – додаваат од Општина Карпош.

На финалните натпревари присуствуваа претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, претставникот од општинската администрација и раководител Патрик Поповски и членот на Советот, Предраг Станковски, кои им ги доделија победничките пехари и медали на најдобрите екипи.