Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Tоп

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Не е важно дали министерот за внатрешни работи е задоолен, туку граѓани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не е важно дали министерот за внатрешни работи е задоолен, туку граѓани да видат светло на крајот од тунелот е тоа е правдата – ова е реакцијата на Панче Тошковски по одлуката на Вишото јавно обвинителство во живот да го врати предметот за мазутот. Тошковски бара храброст од обвинителството за до крај да ги истражат сомнжите за криминал,  не само во овој туку во другите предмети со висока корупција.

  • „Не е битно дали е или не е министерот за внатрешни работи задоволен од било која одлука на обвинителството, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда во оваа Сизифовска битка за да ја видиме правдата на крајот на денот. Се надеваме дека ЈО ќе собере храброст, професионално ќе се посвети на сите детали, не само на овој туку на сите предмети за на крајот на денот ја видиме светлата точка во тунелот, а тоа е правдата која сите ја посакуваме“ изјави Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. .

Тошковски останува на тврдењата дека полициските истражители дошле до фрапантни информации кои секако треба да бидат расчистени до крај.

  • „Јас кажав и претходно, кое со мене е споделено како информација кои работеле интензивно на тој предлог, кои се дел од МВР а упатени во ОЈО ГОКК.. Инфомациите кои што беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај навистина сигурен сум дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени“ рече Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. 

Вишото обвинителство пвторно ја отвори истрагата за милионскиот криминал со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, предмет за кој предходно обвинителството на Ислам Абази ја запре постапката. Пресвртот следи откако државната компанија ЕСМ вложи жалба, со која практично го изби аргументот на обвинителката Катерина Коларевиќ дека немало пријавена штета, па затоа немало ни криминал. Вишото обвинителство бара прецизно да се докаже кој директно, а кој со помагање овозможил од 167-те милиони евра државни пари, наменети за енергетската криза да завршат во приватни џебови.

Реклама

Во фокусот на истрагата е фирмата РКМ која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Меѓу осомничените беше и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски. Во истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара по меѓународна потерница за друг случајот – Адитив.