Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар – Букојчани. 

– Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар – Букојчани, а потоа Кичево – Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево – Охрид да биде завршена некаде најдоцна во првиот квартал в година, што беше заборавено, аj што беше заборавено, беше и уништено – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Кичево.

Сега, додава тој, се разгледува можност, конечно, и за таму да има одговорност зошто работите на патот Кичево – Охрид така се оставиле на забот на времето.

Реклама

​- Исто така, како што чувме и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, напредна фаза е реализацијата и на оваа делница. Веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, приближно триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена – истакна премиерот.

Појасни дека што се однесува до урбанистичкиот сегмент, имотноправните односи целосно се заокружени, така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот.