Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Иинспекторите на терен во маркетите и продавниците – засилено контроли, засега нема сериозни неправилности

Инспекциите секојдневно се на терен. Се чешлаат бензискки пумпи, супермаркети, мали трговци.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекциите секојдневно се на терен. Се чешлаат бензискки пумпи, супермаркети, мали трговци. Од сите се бара да се држат до ветеното, дека нема да има неоправдано зголемување на цените на основните прехрамбени производи. Според информациите од Министерството за економија, засега трговците се придржуваат до договореното.

Триесет екипи на „ДПИ“ се на терен. Засега нема потреба од казни, бидејќи трговците се држат до договореното со Владата. Единствено покачување беше забележано кај јајцата и маслото за јадење, поради влезните цени. Во вторник ќе биде готов извештајот кој Владата го побара од нас. Таму ќе бидат содржани сите податоци во однос на движењето на цените и почитувањето на договореното од страна на трговците“, информираат од Економија.

Резултат од инспекциските контроли и свесноста на трговците се отслика и во податоците од Државниот завод за статистика. Основните прехранбени производи во месец март поскапеле за помалку од половина процент во споредба со февруари. Само краток период цената на јајцата и маслото за јадење се зголемија, но потоа се врати во нормала.

Реклама

Овие податоци ги потврдуваат и од бизнис секторот. Тие велат дека е време и македонските граѓани да го зголемат т.н. економски патриотизам и да купуваат домашни производи. Според дел од бизнис секторот, секогаш домашното е поефтино од увозното во време на вакви кризи, кога цената на нафтата оди нагоре.

Не е срамота Владата да одлучи дека ќе протежира исклучиво тргување и купување македонски производи. Политиките секој треба да си ги креира на свој начин. Сметам дека е време да покажеме дека е време дури и за економски патриотизам, да знаат македонските граѓани дека можат да се потпрат на македонското производство и во таа насока да одат сите мерки кон производи и кон услуги, вели Миле Бошков од Конфедерација на работодавачите.

Според бзинсимените и засегнатите страни, засега Македонија добро се справи со кризата. На долг рок сигурно ќе има предизвици, но преговорите помеѓу САД и Иран за завршување на војната даваат оптимизам дека и првомајските празници македонските граѓани ќе ги дочекаат без поголеми ценовни шокови од вообичаеното.