Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Градоначалникот на Делчево, Гоцевски најави воведување контроли со дронови за навремено откривање и спречување шумски пожари

Општина Делчево почнува со редовни контроли со дронови на терен како нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево почнува со редовни контроли со дронови на терен како нова мерка за превенција и навремено откривање потенцијални шумски пожари, со цел подобрување на јавната безбедност и заштита на животната средина.

Од Општината информираат дека активностите се реализираат преку Територијалната противпожарна единица Делчево, согласно насоките на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а се во рамки на програмските определби на градоначалникот Иван Гоцевски за зачувување и унапредување на шумскиот фонд на територијата на општината.

Со воведувањето на современа дронска технологија, како што посочуваат надлежните, значително ќе се подобри мониторингот на ризичните подрачја и ќе се овозможи побрза и поефикасна реакција на службите на терен.

Реклама

– Овие активности ќе продолжат и во наредниот период, во координација и соработка со други релевантни институции, со заедничка цел – заштита на шумите, животната средина и безбедноста на граѓаните – информираат од Општина Делчево.

Од локалната самоуправа упатија апел до граѓаните за одговорно однесување и доследно почитување на мерките за заштита од пожари, со цел намалување на ризикот од опожарување на шумите и пасиштата.

Според очекувањата на надлежните, новата практика ќе придонесе за поефикасна борба против пожарите и подобра заштита на природните ресурси во Делчево.