Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Градоначалникот Георгиевски прими делегација од Амбасадата на САД во Македонија

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски одржа работен состанок со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски одржа работен состанок со претставници на Амбасада на Соединетите Американски Држави во државава, на кој се разговараше за можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка на проекти од значење за локалниот развој.

На средбата, како што соопшти Општина Илинден, присуствувале политичкиот службеник и заменик-шеф на Одделот за политички и економски прашања, асистент за политички и економски прашања во Амбасадата, како и експерт од областа на сајбер безбедноста.

На состанокот се разговарало за можностите за поддршка од страна на Амбасадата на САД во процесот на подготовка и спроведување на проекти кои се од особено значење за развојот на Општина Илинден, како и за јакнење на институционалните капацитети и современите безбедносни практики.

Реклама

Посебен акцент биле ставен на важноста од воспоставување партнерски односи и размена на искуства во насока на креирање нови можности за локален економски развој, модернизација и унапредување на услугите за граѓаните.

Градоначалникот Георгиевски изразил благодарност за посетата и интересот за соработка, потенцирајќи дека Општина Илинден останува отворена за партнерства кои придонесуваат за развој и подобар квалитет на живот за граѓаните.

-За нас претставува особена чест и значење што Општина Илинден е препознаена како партнер со кој може да се градат нови иницијативи. Ваквите средби отвораат можности за реализација на проекти кои ќе придонесат за модерна, ефикасна и напредна локална самоуправа, во интерес на сите граѓани- истакнал градоначалникот Георгиевски.

Од Општината оценуваат дека ваквите средби се значајни за продлабочување на соработката, размена на идеи и креирање долгорочни партнерства кои ќе придонесат за понатамошен развој и напредок на Општина Илинден.