Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, локалната самоуправа го одбележува со гости од збратимените градови Херцег Нови од Црна Гора, Плевен од Бугарија, Бурса од Турција и Општина Стари Град од Белград, Србија.
Според востановената традиција, претпладнево, делегациите од земјата и странство положија цвеќе пред споменикот на Народноослободителната и антифашистичка војна, споменикот на народниот херој Стив Наумов и на Партизанските гробишта во Битола, како и со традиционален прием на делегациите во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски.

-Денес е голем ден за Битола, исто како што беше пред 82 години во 1944 година кога се славеше победата над окупаторот. Денес градот ја истакнува должната почит кон луѓето кои ги дале своите животи за слободата на слободарска Битола – посочи градоначалникот Коњановски.
Одбележувањето на празникот на градот продолжува вечер со свечена академија на која ќе бидат доделени годишните признанија, како и наградата за животно дело „4-ти Ноември“.

