Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Голем пожар во скопско Злокуќани, зафaтени неколку куќи

Голем пожар избувна вечерва во скопската населба Злокуќани, при што, според првичните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем пожар избувна вечерва во скопската населба Злокуќани, при што, според првичните и неофицијални информации, огнот зафатил најмалку три до четири куќи. Густиот чад и пламенот се издигнуваат високо над населбата, а шест противпожарни екипи се борат со огнената стихија.

Интервенцијата е отежната поради тесните улички во овој дел на Скопје, кои го отежнуваат пристапот на противпожарните возила до куќите зафатени од пожарот. Според информациите од Центарот за управување со кризи, пријавата за пожарот била примена во 20:02 часот преку системот Е-112. Се работи за пожар на куќа на улицата Скупи, во општина Карпош.

На терен е и екипа на итната медицинска помош, но засега нема информации за евентуално повредени граѓани. Поради сериозноста на ситуацијата, по барање на МВР преку Дежурниот оперативен центар на ЦУК, побарано е исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа за да се овозможи безбедно гаснење на пожарот.

Реклама

Екипите на Бригадата за противпожарна заштита се на лице место и интензивно работат на негово локализирање. Ситуацијата е сè уште динамична и се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.