Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година

Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката има кај млазното гориво за (-53,29 отсто), мазутот (-1,12) и кај потрошувачката на биодизел (-2,52 отсто).

Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар за една година е зголемена за 4,88 отсто. Во структурата на потрошувачката најголем удел има дизел горивото со 74,16 отсто, по што следуваат безоловните бензини со 11,74, мазутот со 6,61 и течниот нафтен гас со 5,22 отсто. Скоро 87 отсто од нафтените деривати во текот на минатата година биле увезени од Грција, над 9 проценти од Бугарија, 2,07 од Албанија, и 1,45 проценти од Србија, покажуваат резултатите од Годишниот извештај .

-Во 2025 година го завршивме повторното лиценцирање на големите нафтени компании, што во пракса значи дека во следните 10 години се обезбедени предуслови за непречено снабдување со нафтени деривати – изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Реклама

Нагласи дека потрошувачката на природниот гас остана стабилна. Податоците покажуваат дека ТЕ-ТО и трите топлани се најголеми потрошувачи со 85 отсто од вкупната потрошувачка, втори се индустриските потрошувачи со 13, додека потрошувачките кои се приклучени на системите за дистрибуција на природен гас се со најмал удел од само 2 отсто.

Осум трговци вршеле увоз на природен гас во текот на изминатата година, што претставува зголемување на конкурентноста.

Во 2025 година ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север) се стекна со две лиценци од кои едната е за производство, а втората за снабдување со топлинска енергија.