Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Економија

Глобалните турбуленции на Блиски Исток, шанса за македонскиот туризам!?

Новите авиолинии кои ќе го поврзат Охрид со Милано, Неапол и Врослав,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите авиолинии кои ќе го поврзат Охрид со Милано, Неапол и Врослав, како и претходно договорените поврзувања со Будимпешта и Катовице, треба да го спасат туризмот летово, сметаат тур операторите.

Покрај редовните гости од Холандија и Полска, се очекува и зголемен број на туристи од Италија кои би слетале на охридскиот аеродром.

Стравот на европските туристи од патување во Дубаи и Египет, треба да се искористи и тие да се привлечат во државава со атрактивни понуди, сметаат турстичките работници.

Реклама

Работиме секоја година инкаминг и оваа година имаме доста договори со странски тур попратори, го нудиме Охрид и најразлични тури низа Македонија. Еве има во најава дека на Охрид ќе се отворат уште две дестинации каде што ќе лета. Од Милано уште една дестинација. И ние работиме на тој случај. Ние со години тоа го работиме, Сузана Зелениковска од Фибула Травел.

Туристичките работници потврдија дека во моментов се прават договори со хотели од Охрид и Струга за да се обезбедат доволно сместувачки капацитети за привлекување на странски гости.

Според Туристичко – угостителската Комора при Сојузот на стопански комори, предизвик ќе биде да се даде поизитвна оценка за туристичката сезона. Глобалните случувања веќе се чувствуваат и кај нас, а она што е забележливо периодов е помалиот број на госдти од Турција кои традиционално се присутни за време на рамазанските празници. Ова според туристичките работници ќе биде предизвик на кој ќе треба да се работи во наредниот период.

„Меѓутоа и турските туристи се предострожни и слабо патуваат. Очекуваните бројки на туристи за жал ги нема. Ова директно ги погоди и странските туристи кои сакаат да ја посетат Македонија. Луѓето се уплашени. Зошто?, Бидејќи ова не е класична војна појмеѓу две држави. Ова е тактичка војна. Луѓето од овој дел на Европа се предострожни. За жал ова е удар и за дојдовниот туризам во Македонија“, рече Аркан Керим, претседател на Туристичко – угостителската комора при Сојузот на Стопанските комори.

Познавачите на приликите велат дека велигнденските и првомајските празници треба да се реперот за оценка на туристичката сезона во Македонија, Но, за успешна сезона, според нив, потребно е ѝ смирување на тензиите и војната на Блискиот Исток.