Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Гласањето беше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност, оценија од коалицијата ВРЕДИ

Во Централниот штаб на коалицијата ВРЕДИ на прес-конференција, портпаролот Дритон Сулејмани го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Централниот штаб на коалицијата ВРЕДИ на прес-конференција, портпаролот Дритон Сулејмани го сумираше изборниот ден. Тој посочи дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини.

-Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност.  ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои денес го остварија своето избирачко право мирно и достоинствено, покажувајќи на тој начин висока демократска култура, истакна Сулејмани.

Тој рече дека очекуваат од Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да го спроведе како и во првиот круг, со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и со волјата на граѓаните.

Реклама

-Според нашите информации од теренот, кандидатите на коалицијата ВЛЕН добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат и очекуваме резултати кои ќе ја потврдат таа доверба. ВЛЕН ќе продолжи внимателно да го следи процесот до објавувањето на конечните резултати и останува посветен на фер избори, почитување на секој глас и зајакнување на довербата во демократските процеси, истакна Сулејмани.

Тој најави и нови прес-конфренции во наредните часови на кои ќе се објавуваат и првичните резултати.