Ученици од Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ од Берово во наредниот период ќе бидат дел од проект за размена на искуства во рамки на програмата Еразмус+, преку која ќе стекнуваат нови знаења, искуства и пријателства.
По тој повод, градоначалникот Петар Ружински оствари средба со учениците, при што им посака успешна работа и многу инспирација од секое ново место што ќе го посетат.
-Нека ја искористат можноста да научат, да напредуваат и да се вратат побогати со знаење, кое ќе го применат дома- истакна Ружински.


Тој нагласи дека Општина Берово и понатаму ќе продолжи да ги поддржува младите и нивниот развој, потенцирајќи дека токму младите се иднината на општината.
Со ваквите активности, учениците добиваат можност да ги прошират своите хоризонти, да стекнат меѓународни искуства и достојно да го претстават Берово надвор од границите на државата.
