Реклама

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Македонија

Гаши утре ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ)

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши утре ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши утре ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско – јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. 

На состанокот ќе присуствуваат претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на ЈЈИ  Република Албанија, БиХ, Хрватска, Република Грција, Црна Гора, Италијанска Република, Сан Марино, Република Србија и Република Словенија, како и претставници од Секретаријатот на ЈЈИ, како и од нашата земај  како домашин на форумот.

Учесниците на Конференцијата ќе се фокусираат на две клучни теми на кои ќе бидат посветени двете сесии: „Промовирање на мирот и стабилноста преку парламентарната дипломатија“ и „Зајакнување на регионалната поврзаност: Коридорите VIII и X и улогата на парламентите“.

Реклама

На Конференцијата, покрај претседателот Гаши, обраќање ќе имаат и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова; потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски; заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски; како и други истакнати експерти во тематските области.

Се очекува Конференцијата да заврши со усвојување Заедничка изјава во која се дефинирани приоритетите на земјите членки на ЈЈИ, која ќе биде достапна на веб страницата на Собранието. 

Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) која е основана на Самитот за развој и безбедност на Јадранското и Јонското Море, Анкона (Италија) на 19 и 20 мај 2000 година и чија цел е јакнењето на регионалната соработка, промоција на политичка и економска стабилност, како солидна основа за процесот на европска интеграција, ја сочинуваат четири земји членки на Европската Унија и шест земји кои не се членки на Унијата.