На секои избори треба да победи најдобриот. Крајно време е изборите во државата да ги гледаме од аспект на ефикасност, прагматичност, реализирање програми… – изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, пред вториот круг од локалните избори во Брвеница в недела одговарајќи на повиците од одредени политичари Албанци да се глеса по етничка основа.
– За жал, во нашата држава во некои делови и на некои избори ни се појавува и ни се повторува случајот да се делиме етнички, особено кога зборуваме за локални избори. Знаете, работите кои се во делот на локалната самоуправа се работи што немаат етнички призвук или предзнак. Се работи за канализација, водовод, асфалтирање улици, собирање смет итн… Не можеме се да сведеме на меѓуетнички односи. Би би било добро да се гласа за најдобриот и да победи тој што ќе ја реализира предизборната програма, која е претставена пред граѓаните, а потоа да им служи на сите граѓани, без разлика на припадноста – рече Гаши.
Во руралните средини, додаде тој на средбата со новинарите, имаме гласање не само по етничка основа туку и во зависност од тоа кој од кое село е.
Противкандидати во вториот круг од локалните избори в недела во Брвеница се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ.

