Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Формирана заедничка комора со Швајцарија

Со швајцарски искуства и знаења, до поголема трговска размена, нови инвестиции и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со швајцарски искуства и знаења, до поголема трговска размена, нови инвестиции и поуспешна економија. Македонија и Швајцарија отвораат нова страница во економската соработка преку Швајцарско-македонската стопанска комора која треба да биде мост за подобрување на досега скромните резултати. Клучниот предизвик е да се подобри трговската размена, но и да се искористат сите потенцијали пред се за раст на трговијата која изнесува само 1% од вкупната терговија на Македонија со странство.

„Во тој контекст, nearshoring-от се наметнува како стратешка можност. За Македонија тоа значи потенцијал за привлекување нови инвестиции, создавање квалитетни работни места и забрзување на технолошки развој. За Швајцарија, тоа значи диверзификација, и зајакнување на партнерства во регион кој е сè поважен за економската иднина на Европа“, изјави Соња Стефановска, претседателка на Швајцарско-македонската.

Швајцарскиот амбасдор во земјава, Кристоф Зомер, како предност, меѓу другото ја гледа големата македонска дијаспора во Швајцарија.

Реклама

„Швајцарските компании ги ценат сигурните партнерства, пристап до пазари и квалификувана работна сила. Северна Македонија ги нуди токму овие услови: талентирани луѓе, силен претприемачки дух и стратешка локација во регионот.Со зајакнување на нашата економска соработка, можеме да создадеме нови можности за швајцарските бизниси, истовремено поддржувајќи одржлив раст и иновации овде во Северна Македонија“, рече Зомер.

Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, очекува преку комората да се зголеми соработката меѓу двете земји.

„Нашата надеж е дека оваа стопанска комора ќе придонесе и за зголемување и на швајцарските инвестиции во Македонија, нешто е што е надлежност на министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Навистина Владата е посветена на привлекување на странски инвестиции, но исто така и на промоција на македонскиот извоз“, рече Димитровски.

Швајцарско македонската стопанска комора се подготвувала три години, а од денес е официјален мост меѓу швајцарскиот и македонскиот бизнис.