Реклама
Економија

Eкспертите бараат итна реакција на обвинителството по објавата за буџетски злупотреби

Обвинителите треба сериозно да ги земат в предвод индициите за криминал со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителите треба сериозно да ги земат в предвод индициите за криминал со државните пари и итно да отворат постапки за злоупотребите во буџетот – смета аналитичарот Сотир Костов. Тие во наредниот период треба да имаат полни раце работа. Ваквите барања доаѓаат по шокантните тврдења на министерката за финансии за буџетски злупотреби тешки над 500 милиони евра. Според Костов, неопходна е итна реакција, бидејќи, и претходно се укажувало на одредени неправилности, но според него, обвинителството било неажурно. За техничкиот премиер Талат Џафери кој потпишал заклучок на Влада за 252 милиони евра за автопатската делница Гостивар – Букојчани, дефинитивно смета дека немал ингеренции да донесе таква одлука за време на неговиот мандат. Министерката за финансии Димитриеска Кочоска истакна дека парите не биле планирани и обезбедени во Буџетот.

„Овие не само индиции, туку има и основани сомненија дека се сторени кривични дела, само треба некој да си ја врши работата, а тој некој е во обвинителството, сега треба само да се види, дали е Скопското ЈО или Обвинителството за организиран криминал. Техничката Влада има ингеренции само да спроведе избори, а не и да прави финансиски трансфери, всушност тоа е и во закон ограничено“ – вели Сотир Костов – аналитичар.

Од Јавното обвинителство велат дека согласно член 273 од Законот за кривична постапка, сите државни органи, јавни претпријатија и установи се должни да ги пријават кривичните дела за кои се гони по службена должност за кои се известени или за нив дознале на друг начин.

Реклама

„ До овој момент до обвинителството не е доставена таква пријава. Доколку биде доставена, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите законски надлежности и ќе преземе дејствија“ – велат од ЈО.

И покрај лошата стартна основа, Владаат успеа во ребалансот да најде пари за покачување на платите и пензиите, капиталните проекти на општините и евтини кредити за бизнисот. Градежниците кои истакнуваат дека во првата половина од годинава ги имале најтешките услови за работа и алармираа за помош, го поздравуваат потегот конечно со ребалансот да не се скратат капиталните инвестиции од 730 милиони евра. Се надеваат дека ова ќе го поттикне секторот, ќе го издави од криза, а со новите кредити ќе се овозможи развој на компаниите.

„Цениме дека новата Влада ги има согледано состојбите. Сведоци сме дека интензивно се работи во јавните претпријатија, во општините и во министерството и се надеваме и сме сигурни дека по согледување на состојбите, тој ребаланс не е случаен и тој ребаланс ќе биде одлика на се што ќе се случува и македонските компании ќе бидат двигатели на развојот“ – вели Андреа Серафимовски – Здружение за градежништво при Стопанска комора.

Експертите сметаат дека парите за кредити за фирмите со 3,25% треба да се потрошат за развој на старт ап компании, кои се високо иновативни и креираат додадена вредност во економијата. Допрва ќе ги дознаат условите под кои можат да аплицираат, но добро било да се фаворизираат извозно ориентирани компании. Тие сметаат дека конечно треба да се напушти праксата парите да се трошат само на социјални трансфери и помош за јавните претпријатија загубари, а повеќе да се размислува за развоен буџет кој ќе донесе поголем економски раст.

„Не видов средства за да се поттикне, да се развие старт ап еко системот на Македонија кој би требало да биде двигател на развојот, што значи дека повторно имаме неразвоен буџет, бидејќи најмногу од средствата се одлеваат на плати, придонеси, на покривање на нефункционални претпријатија како Македонски Пошти, Железници и слично“ – вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Министерката за финансии вчера истакна дека претходната Влада го скроила годинешниот буџет врз основа на нереални проценки. Таа ги намали проекциите за раст на економијата на 2,1% и инфлација од 3,5%,  и промовираше буџет со расходи од 5,85 милијарди евра со дефицит од 4,9% од БДП или 730 милиони евра.