Трошоците растат во земјоделството додека цените се намалуваат, се помалку профит за македонските земјоделци. Статистиката покажува дека земјоделците имаат се помалку ќар од напорната работа, додека трговците преку маржите ги креваат цените нагоре. Додека инфлацијата во месец јули е 2,3% и беше намалена споредено со јуни тоа не е случај со цените на земјоделските производи.
Минатиот месец било се потешко да се купат трактори комбајни мотокултиватори и други машини и опрема неопходни за работа. Транспортната опрема поскапела за 17,3% а машините и опремата за 13,7%. Цените на ветеринарните услуги пораснале за 10,8%, на горивата 7,9% а семињата за 3,4%. Пораснати се и цените за средствата за заштита на растенијата како и на минералните ѓубрива.
И покрај зголементие трошоци за инвестиции на земјоделците поевтино им се откупува родот. Пониски цени има и кај растителното и кај добиточното производство. За 13,2% поевтино бил предаден родот од овошје и грозје, додека кај зеленчукот има пад во вкупната цена од 11,4%. Зголемување пак има кајиндустриските растенија за 19%. Додека компирите биле предадени за 2,1% повисока цена а кај виното има зголемување од 4,3%. Кај производите од животинско потекло, односно месото и јајцата има пад во цената од 5,7%. Дополнителен удар врз производството, особено во делот на овчарството предизвикуваат разните болести. Досега се угинати меѓу 7000 и 10000 овци и уништени се 40 до 50 стада како резултат од проширувањето на сипаници. Тоа значително влијае негативно врз ситуацијата на земјоделците.

