Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

ВРЕДИ: инфлацијата се намали на 2,3 отсто, продолжуваме со политики во интерес на граѓаните

Цените и секојдневните трошоци се меѓу главните грижи на секое семејство. Затоа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените и секојдневните трошоци се меѓу главните грижи на секое семејство. Затоа, заштитата на животниот стандард на граѓаните останува еден од нашите приоритети.

Годишната инфлација во јули се намали на 2,3 отсто. Тоа го покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика, се наведува во соопштението на ДУИ.

Пред две години, кога ја презедовме одговорноста за раководење со институциите, годишната инфлација изнесуваше 4,5 отсто. Во јули годинава таа изнесува 2,3 отсто.

Реклама

Секако, има уште работа за граѓаните повеќе да го почувствуваат ова подобрување. Но, пониската инфлација покажува дека состојбата се стабилизира.
Во текот на овој период беа преземени мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и за воведување повеќе ред на пазарот.

Продолжи спроведувањето на Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој производителите и потрошувачите се заштитуваат од злоупотреби во трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Намалената акциза на нафтените деривати, исто така, придонесе за пониски трошоци за граѓаните и компаниите.

Но, пониската инфлација е само еден дел од работата. На граѓаните им се потребни работни места, приходи и можности да напредуваат.

Токму затоа се спроведува Оперативниот план за вработување, со околу 40 милиони евра предвидени за вработување, самовработување, обуки и стручно оспособување.
Од една страна, се работи на поголема стабилност на цените, а од друга страна, се создаваат можности за работа, приходи и развој на бизнисите.

Не велиме дека сите проблеми се решени. Пред нас има уште многу работа. Ние ќе продолжиме да работиме за подобрувањето да се почувствува во секојдневниот живот и во буџетот на секое семејство.