Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Идните бруцоши ги прават првите чекори кон факултетските амфитеатри. Почнува првиот уписен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идните бруцоши ги прават првите чекори кон факултетските амфитеатри. Почнува првиот уписен рок на Универзитетот ,,Св Кирил и Методиј”, каде за новата академска година на 23 факултети има 8851 слободно место, од кои 4395 за редовни студенти, 3621 со кофинансирање и 835 вонредни студенти. Од право, економија и психологија, до електротехника и машинство, идните студенти веќе имаат одговор каде ја гледаат својата иднина.

Најмногу слободни места има на Медицинскиот факултет, 950, на ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600 места, додека на Правниот факултет се предвидени 555 места. Иако можностите за понатамошно вработување се нераскинлива алка од изборот на професија, се чини дека матурантите при изборот не се водени од материјални побуди, туку пресудни се љубовта и личниот интерес за областа за која се определиле.

 Покрај УКИМ, во август уписи за новата академска година се спроведуваат и на останатите државни универзитети. На Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип е предвидено вкупно 3341 место за бруцоши, а на универзитетите во Битола, Тетово и на ,,Мајка Терезa” во Скопје, заедно има повеќе од 6000 слободни места. Идните студенти имаат можност да избираат меѓу бројни студиски насоки и програми.