Реклама

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Прилози

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Пожарот во прилепско е под контрола, но додека беснееше успеа да пеплоса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот во прилепско е под контрола, но додека беснееше успеа да пеплоса над дваесетина куќи и плевни. За среќа повеќето куќи што изгореа во селото Чаниште, биле напуштени, а само четворица од жителите кои се затекнале на местото побарале медицинска помош, поради вдишање на чад. Огнот за кој надлежните се сомневаат дека бил намерно подметнат, зафатил сува трева и нискостеблести грмушки, а брзо потоа се проширил кон селските куќи. Пожарникарите во текот на целата вечер се бореа со огнените стихии и во текот на утрото успеаа да го стават под контрола. До крајот на денот очекуваат да биде изгаснат. Ангелов објасни дека пожарот во селото навлегол од повеќе места и дека за среќа освен материјална штета, нема жртви. Случајот е пријавен во полицијата, а се преземаат мерки за расчистување на околностите под кои избувнал пожарот.

„Огнот навлезе меѓу селските куќи, но според информациите кои ги добив додека бев во селото не е изгорена ниту една куќа во која живеат преостанатите жители во селото. Тоа е добра вест. Сите жители на селото ноќта ја поминаа во своите домови. Изгорени се неколку стари напуштени куќи, можеби некои од нив се повремено се користеле за престој на нивните сопственици“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за кризи.

Во текот на ноќта е регистриран уште еден поголем пожар. Гореше во општина Јегуновце во селото Туденце, каде бил загрозен и манастирот. Поради недостиг на пожарникари во Тетово, морале да интервенираат и спасувачките екипи на ЦУК.

Реклама

„Втората ситуација ја имавме синоќа на пожарот на територијата на општина Јегуновце, кој навлезе во атарот на селото Туденце и го загрози блискиот манастир. Упатив неколку тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, и тоа од доброволци од Гостивар, од доброволното друштво „Чаир“ од Скопје и едно друштво од Тетово“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за кризи.

Алармот е веќе вклучен – Македонија е под висок ризик од пожари. Секоја невнимателност, секоја искра врз сувата трева може да доведе до ужанса катасрофа. Дополнително загрижува и прогнозата од УХМР – државата влегува во нов пеколен бран, кога деновите ќе бидат исклучително топли и суви, со температурите до 40 степени. Од ЦУК  упорно апелираат граѓаните да бидат максимално  внимателни и одговорни, особено при престој и движење во природа.