Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Прилози

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Од магацин за теписи, спротивно на сите законски прописи станал угостителски објект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од магацин за теписи, спротивно на сите законски прописи станал угостителски објект и примал гости. Градежните вештаци откриваат дека објектот без соодвента проектна документација , бил пренаменет во ноќен клуб. Но за тоа не биле пронајдени никакви документи за сите изведени интервенции. Во големата судница во Идризово беше заклучено дека секоја градежна реконструкција треба да биде направена според прописите бидејки таа влијае врз безбедноста на самиот објект. Вештаците утврдиле дека немало ниту соодветна документација за интервенциите што влијаат врз противпожарната безбедност. Не постоел ни записник од овластен градежен инспектор.

По 17 месеци болка и борба, родителите велат дека секој нов стручен наод е уште едно парче од сложувалката.

„Клопчето се размотува, а одговорноста сè повеќе се зацврстува. Болно е да се слуша сето ова, но ни дава надеж дека вистината, конечно, излегува на виделина. Не бараме ништо повеќе од вистината, но нема да прифатиме ништо помалку од неа. Фактите зборуваат, а одговорноста мора да добие име и презиме“– вели Александар Наунов.

Реклама

На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои, за време на кобната ноќ ја отежниле евакуацијата на гостите.

Претходно, вештите лица наведоа дека според урбанистичкиот план на Кочани никаде не фигурира пренамена на „Пулс “ од индустриски објект во ноќен клуб. Обвинителството ќе изведува и докази од градежното вештачење кој што е изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ.

Во Македонија за најголемата трагедија се водат 4 судски процеси од кој еден првостепено е завршен, а за останатите три сеуште тече постапка во Скопскиот кривичен суд.

Судењето за пожарот во кочанското кабаре „Пулс“ го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.