Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

Не секоја мртва птица значи дека е носител на опасниот вирус

По алармот за западно-нилската треска, Агенцијата за храна и ветеринарство е преплавена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По алармот за западно-нилската треска, Агенцијата за храна и ветеринарство е преплавена со повици и пријави за угинати птици.

Од таму велат дека на бесплатната телефонска линија, на електронската адреса и преку други канали во изминатите денови пристигнале стотина пријави од граѓани. Оттаму апелираат да не се создава непотребна паника при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици. Од Агенцијата посочуваат дека особено внимание треба да се посвети само доколку на исто подрачје и во краток временски период се забележи поголем број угинати гаврани или други диви птици. Во такви случаи, граѓаните треба да ја известат надлежната служба и да избегнуваат директен контакт, допирање или преместување на угинатите птици.

Апелот доаѓа откако надлежните институции во понеделникот посочија дека гавраните се меѓу најчесто идентификуваните резервоари на западно-нилската треска и дека секоја забележана мртва дива птица треба да биде пријавена.

Реклама