Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше

Во Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше, денеска се одржа средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше, денеска се одржа средба посветена на зајакнување на соработката и интензивирање на контактите со македонската дијаспора во земјите од Европската Унија и Турција.

Гости на градоначалникот Онер Јакупоски беа директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Мевмед Џафери. 
 
Според општинската прес-служба соговорниците направиле преглед на досегашните реализирани активности и ја потврдиле одличната меѓусебна соработка.  
 
-Врвен приоритет на разговорот беа идното планирање и интензивирањето на средбите со нашите иселеници, со јасна цел, институциите да се приближат што е можно повеќе до дијаспората која живее и работи во земјите од Европската Унија и Република Турција, наведуваат од општинската прес-служба. 
 
Заеднички став е дека со чести непосредни контакти, отворена комуникација и полесен пристап до сите потребни услуги, се гради доверба и се зајакнуваат врските меѓу иселениците и нивниот роден крај. 
 
Градоначалникот Јакупоски, меѓу другото, посочил дека Општина Маврово и Ростуше, во „соработка со сите надлежни државни институции, продолжува посветено да работи на поддршка на нашата дијаспора и на создавање услови за уште поголема нејзина вклученост во сите сегменти на локалниот развој”.