Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Гаши: Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната стабилност

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август.

Во рамки на одбележувањето, претседателот на Собранието, Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните.

-Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната стабилност. Во регион кој многу добро ги познава последиците од конфликтите, безбедноста се гради преку одговорна сила, соработка и доверба. Како членка на НАТО, Македонија не придонесува само за сопствената безбедност, туку и за безбедноста на сојузниците и за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Затоа, инвестирањето во Армијата е инвестиција во демократијата, мирот и посигурната европска иднина на регионот- истакна претседателот Гаши.

Реклама

На манифестацијата, на претседателот на Собранието, Гаши, му беше доделена и Големата плакета на Армијата од страна на началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Честит 18 Август – Денот на Армијата!