Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

По грчката акција „Вардарис“, истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против македонски државјанин кој заедно со тројца осомничени за кои се води постапка во Грција, организирал шверц на марихуана. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. 

Лицата се откриени во рамки на меѓународната акција организирана во соработка со полициските служби во Грција и Косово. Во рамки на акцијата на 14 август беа пронајдени и запленети 324 килограми марихуана во Солун скриени во камион со приколка.  

Осомничениот кон крајот на февруари годинава набавил товарно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија кон Турција, преку Бугарија.

Реклама

Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Бугарија, меѓутоа наместо да продолжи кон Турција, се упатил кон Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун.

Таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Грција, од кои едниот е недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија.

По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија.