Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

По 12 дена конечно се знае каде е Венко Филипче. Бил во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 12 дена конечно се знае каде е Венко Филипче. Бил во штабот на СДСМ. А каде летувал или каде бил минативе денови не знаеме – тој вели немал обврска да ни каже. Во писмениот одговор до Алфа Тв, кој е полн со нови навреди и обвинувања за телевизијата, констатираше дека де сме требале да го прашуваме каде патувал, сме знаеле сами.

-Токму на вашата телевизија гледам вести. Значи, не следите повторно. Јас единствена обврска имам кон клиниката каде што работам, секако и кон Собранието. Таму можам да побарам годишен одмор и таму треба да се правдам доколку има потреба.  Ако сакате ова да го изјавам во живо за вашата камера и телевизија, можете да дојдете уште денес до седиштето на партијата тука сум – Па вие потоа можете да го кажете она што вам ви го диктира Латас и Мицкоски: јахти, Харис, Дубаи, Венеција, Сент Мориц и сè останато, вели Филипче во писмен одговор за Алфа.

Инаку Филипче последен пат беше виден во струмичко Ново Село, на шести август, некаде во попладневните часови. Од тогаш па се до денеска во јавноста му се губеше секаква трага.

Реклама

-Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре, изјави Филипче на 6-ти август, пред да замине некаде.

По Ново Село, не е познат правецот каде заминал Филипче, дали можеби во Грција на јахта кај својот пријател Заев, дали можеби во Дубаи или пак на некое трето место. Како што ни кажа и самиот лидер на СДСМ, немал обврска тоа да ни го одговори.

Во текот на минативе 12 дена Филипче имаше само неколку објави на социјалните мрежи, една од нив беше околу спотот по повод 35 години независна Македонија, непримерно критикувајќи видео материјал, каде што нема грам политика, партиски ознаки и некаква политичка пропаганда. Последниот објава пак му е од пред пет дена, во чест на Охридскиот рамковен договор.

-Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата, напиша Филипче на 13-ти август.

Инаку таинственоста на Филипче околу неговите патувања не е ништо ново. Јавноста неколку пати во минатото дознаваше каде е, но само од видеа и фотографии снимани од граѓани, как на пример сликата каде е на јахта со својот пријател Заев, како на забва во Дубаи на Харис Џиновиќ исто така со Заев.

Алудирајќи на патувањето на премиерот Мицкоски, Филипче во одговорот до Алфа вели дека најдобро било да ги прашаме оние кои што се на ексукрзија. За разлика од првиот човек на СДСМ, претседателот на Владата транспарентно пред јавноста кажа дека осум дена од својот годишен одмор ќе ги искористи за патување во белгиските Бриж и Брисел. 

Матеја Петровски