Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Прв пат по седум години еден министер за надворешни работи го свикува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прв пат по седум години еден министер за надворешни работи го свикува амбасадорскиот совет, еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Во време на длабоки геополитички промени, растечки безбедносни предизвици и сè покомплексни меѓународни односи, македонската дипломатија не смее да биде пасивна туку проактивно да ја бара најдобрата солуција за државата.

Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе години, нашата дипломатска мрежа повторно ја собираме на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува – изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

На состанокот ќе се разговара за европската и евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење. Министерот тимчо Муцунски нагласи дека нема само да се анализира што се случува во свето, туку ќе се утврдува што тие промени значат за нашата држава.

Реклама

Потребна ни е дипломатија која предвидува. Која реагира навремено. Која гради партнерства. И која одлучно ги штити националните интереси – додаде Муцунски.

Министерот истакна и дека еден од главните фокуси на годинашниот Совет ќе биде економската дипломатија, со јасна порака до амбасадорите дека секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава.

На Советот на амбасадори ќе присуствува и заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, со кого ќе се разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.