Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

76 годишен пациент од Драчево е четвртиот  смртен случај од Западно-нилска треска.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

76 годишен пациент од Драчево е четвртиот  смртен случај од Западно-нилска треска. Тој бил хоспитализиран во тешка состојба и на клиниката се лекувал 27 дена.  Во моментов на Инфективната клиника се лекуваат 20  пациенти.  Од кои 18 се потврдени на вирусот а двајца од нив се сомнителни и се чекаат резултатуи. Пет пациенти се во критична состојба и се на респиратор. Со ова бројката на потврдени случаи се искачи на 38.

-За жал морам да Ве известам дека во вчерашните доцни часови уште еден од пацинетиве кој беше во тешка здравствена состојба во одделот за интензивна нега почина. Се работи за 76 годишен пациент кај кого претходно беше лабараториски потврдена Вест најл вирусна инфекција невроинвазивна форма-истакна др. Фадил Цана- директор на Клинка за инфективни болести

Границата на инфицирани се намалува и освен 25 годишната пациентка која е потврдена на вирусот хоспитализарано е и 24 годишно момче за кое се чекаат резултати.

Реклама

-Синоќа е хоспитализиран и 24 годишен пациент кој се води како суспектен случај. Во тек на денешниот или утрешниот ден треба да видиме и кај него дали ќе се потврди клиничката дојагноза-истакна др. Фадил Цана- директор на Клинка за инфективни болести

Инаку поради алармантните бројки на починати и заразени здравствените власти го подигнаа нивото на мерки. Дијагностиката се покачува од 4 до 8 анализи дневно. Дополнително информирани се сите здравствени работници за симптомите на Западен нил за побрзо да се препознава и дијагностицира. Тоа се инфективните одделенија, матичните лекари, семејните лекари, како и Клиниката за неврологија и невролозите. Исто така ќе се лоцираат и застоени води при што ќе се врши дезинсекција но и ќе се прави вонредна контрола на слободна  угината живина покрај каналите посебно на угинати гаврани кои се преносители на вирусот. Се апелира и  до граѓаните да ги празнат и базените во дворовите кои можат да бидат легла за комарците.  Поради зголемениот број на заразени од Западно-нилска треска, здравствените власти прогласија епидемија во пет скопски општини. Апелираат граѓаните да бидат внимателни и да се заштитат од комарци. Доколку почувствуваат висока температура, вкочанет врат, главоболка, дезориентираности и омалаксалост веднаш да се јават на матичен лекар. Инкубацијата на вирусот трае од 3 до 14 дена. Поради актуелната епидемиска состојба вчера вечер вонредно прскање  од земја против комарци изврши и општина Ѓорче Петров а градските власти вечерва ќе ја спроведат тринаесеттата по ред дезинсекција против комарци на подрачјето на Скопје. Акцијата ќе опфати и авионско и теренско прскање.