Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Прилози

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Борбата со огнената стихија е дено-ноќна, а иако на моменти ситуацијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата со огнената стихија е дено-ноќна, а иако на моменти ситуацијата на терен се чини како сложена, сепак битката со пожарите и натаму е под целосна контрола.

Македонските пожарникари со целосна посветеност, пожртвуваност, но и професионално знаење успеаја вчера и денеска да изгаснат 21 пожар, а во моментов се справуваат со огнените јазици на уште четири опожарени локации.

–Во текот на вчерашниот ден имавме 25 пожари, благодарение на брзата реакција на пожарникарите, некаде и со повеќечасовна борба со пожарите, борба која на некои места се протегаше и на ноќните часови, 21 од нив се изгаснати, додека четири беа активни во текот на ноќта и се активни во текот на денешниот ден. Пожарот кај Македонски Брод е намален, благодарение на модулот на ДСЗ, благодарение на полицискиот хеликоптер, кој вчера цел ден работеше, но и трите ер-трактори, изјави Ангелов.

Реклама

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека од пожарот кај Македонски Брод е активен уште кракот на стрмниот предел, исклучително тежок за гаснење, Според податоците, активни пожари има во Студеничани, Јегуновце и во општина Штип.

Првиот човек на ДЗС, воедно апелираше до излетниците да не палат оган во природа.

-Секојдневно предупредувам, секојдневно  молам, ги молам граѓаните да бидат внимателни со своето однесување да не предизвикаат пожар. Потребна е само искра за да избувне оган. Овде крај реката треска гледаме огниште за скара. Погледнете го ова. Погледнета ја оваа сува трева. Ова е рецепт за катастрофа, изјави Ангелов.

Во моментов на сила е забраната за престојување во шумски и планински предели, што е дел од мерките за противпожана заштита.