Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

Дури единаесет нови случаи на ХИВ/Сида се регистрирани во земјава само во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дури единаесет нови случаи на ХИВ/Сида се регистрирани во земјава само во текот на јули, покажуваат податоците од месечниот извештај на Институтот  за јавно здравје. Од новозаболените случаи, девет се мажи, а две се жени, на возраст од 20 до 49 години. Оваа бројка покажува дека во Македонија има значителен пораст на инфицирани со оваа смртнона болест, и тоа за само еден месец, ако се има в предвид дека во 2025 година за цели 11 месеци биле регистрирани се на се, 38 случаи. Во предходната 2024 година, биле евидентирани 51 случај. Мнозинството на инфицираните луѓе живеат во Скопје. Бројката за месец јули годинава е голема и ако се спореди со кумулативниот вкупен број на зарезни од кога се води евиденцијата. Имено,  од 1987 до 2026 година се регистрирани вкупно 765 случаи.

„Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2026, изнесува 765. Евидентирани се вкупно 141 починато лице, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, а 116 лица се водат како изгубени за следење“, пишува во билтенот на Институтот за јавно здравје.

Сепак, во последните години се забележува раст на бројот – дури една третина од сите регистрирани случаи се евидентирани во последните пет години. Според Институтот за јавно здравје, Македонија и понатаму е земја со ниска распространетост на ХИВ.

Реклама

Покрај ХИВ/Сида, во јули биле регистрирани и други сексуално и крвно преносливи болести – седум случаи на сифилис, четири на вирусен хепатитис Б и по еден случај на гонореја, кламидија и вирусен хепатитис Ц.  Од ИЈЗ посочуваат дека со воведувањето на антиретровирусната терапија, преживувањето на лицата со ХИВ е значително подобрено. Здравствените власти континуирано апелираат за навремено тестирање и започнување со терапија.