Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ДЗР со неповолно мислење за финансиските извештаи на Министерството за европски прашања за 2024 година

Државен завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи на Министерство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државен завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи на Министерство за европски прашања за 2024 година, при што е изразено неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и мислење со резерва за  усогласеност на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. 

Од ДЗР поочуваат дека е извршена ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеност со закони и прописи на Секретаријатот за европски прашања за 2015  година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на  финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со  релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Во ревизоркиот извештај е поочува дека проверката  на спроведување на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2015 година е спроведена во текот на 2017 година, кога е утврдено дека од дадените седум препораки спроведени се две препораки, две препорака се делумно спроведени, една препорака била во тек на спроведување и две препораки не се спроведени. 

Реклама

Ревизорите утврдиле дека вредноста на нематеријалните и материјалните средства, како и на градежните објекти прикажани во билансот на состојба на 31 декември 2024 година, не ја одразува реалната состојба на имотот на Министерството. Дополнително, пописот на средствата и изворите на средства не бил спроведен согласно законските и подзаконските прописи.

Во извештајот се наведува дека со договори на дело биле ангажирани лица за вршење на работи и задачи за работни места предвидени со актот за систематизација, а Министерството не преземало активности за годишно осигурување од пожар и природни  непогоди, поплава, кражба на имотот. Констатирани се и слабости во постапките за јавни набавки. 

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.   

Како дополнително прашање, ревизорите ја посочуваат состојбата со бифето во Министерството, кое било издадено од страна на Службата за општи и заеднички работи на закупец што вршел угостителски услуги и директно фактурирал кон Министерството, иако немал регулирани деловни односи со институцијата.

Во однос на внатрешните контроли во извештајот се посочува потребата од воведување сертифициран систем за менаџмент со квалитет во согласност со барањата на стандардот ИСО 9001 и потребата од донесување на   нови процедури.

-Од страна на законскиот застапник на Министерството за европски прашања и одговорното лице за периодот предмет на ревизија, добиени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и утврдено е дека најголем дел претставуваат известувања за причините за утврдените состојби и преземени активности за нивно надминување. Две забелешки се прифатени, две се делумно прифатени, а дел од забелешките не се прифатени од причина што не се доставени нови докази за промена на утврдените состојби, се наведува во извештајот од ДЗР.