Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Двајца судски службеници осомничени за примање награда за противзаконито влијане, за едниот одреден затворски, за другиот домашен притвор

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, на 09.04.2026 година судот донел решение со кое на лицето Г.А.А., вработен како судски службеник – судски полицаец во овој суд, му определи мерка притвор во траење од 30 дена поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, а кумулативно судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можноста за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.

Против решението не е поднесена жалба и е правосилно, посочуваат од Судот.

Дополнително, се додава, надлежното обвинителство поднесе предлог за определување мерка притвор и за лицето Ф.Џ. вработен како судски службеник – доставувач во овој суд, поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание, но судот не го прифатил предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор.

Реклама

-Наместо тоа, на лицето Ф.Џ., на 22.04.2026 година му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело. При донесувањето на оваа мерка, судот утврди дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение, јавниот обвинител има поднесено жалба до кривичниот совет на овој суд, стои во соопштението.

И покрај тоашто двајцата осомничени се вработени во овој суд, Основниот кривичен суд Скопје, се посочува, одлучуваше по предлозите поднесени против двајцата осомничени, бидејќи кривичното дело е од лепезата на кривични дела кои се судат во одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид судската пракса, судот не може да биде изземен.

Посредувањето требало да биде пред Апелациониот суд Скопје и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто Основниот кривичен суд Скопје донел Пресуда во која е изречена казна затвор во траење од 1 – една година за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, наведуваат од судот.