Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Дубровник Форум 2025: Учество на министерот Муцунски на работна вечера посветена на Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, присуствуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, присуствуваше на работна вечера посветена на Украина – важен политички формат на кој, како регион, уште еднаш беше потврдена силната и недвосмислена поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во согласност со принципите на меѓународното право.

Во своето обраќање, министерот Муцунски јасно ја истакна континуираната поддршка и солидарност што Македонија ја дава за Украина, како и подготвеноста да продолжи со оваа поддршка и во иднина, во партнерство со сојузниците. Посебно го поздрави усвојувањето на заедничката декларација со која беа потврдени заложбите за итно запирање на воените дејствија, пронаоѓање решение преку дипломатски преговори, ревитализација на енергетскиот сектор на Украина, како и обезбедување одговорност за извршените злосторства преку неодамна формираниот Специјален трибунал за злосторство на агресија против Украина.

Министерот Муцунски истакна дека Македонија останува цврсто определена за поддршка на Украина и нејзините напори за зачувување на слободата, демократијата и европските вредности. Во своето обраќање изрази увереност дека состаноци во ваков регионален формат можат да бидат од голема корист за Украина, особено во контекст на определување на следните чекори што би воделе кон постигнување праведен и траен мировен договор и ставање крај на руската агресија.

Реклама

Инаку, Дубровник Форум изгради репутација на значајна платформа за меѓународен дијалог, нудејќи простор за размена на ставови и дебата за најважните геополитички и безбедносни предизвици. Секоја година, темите на форумот се поставуваат во контекст на актуелните глобални случувања, придонесувајќи кон формирање на посигурен, поправеден и поконструктивен меѓународен поредок.

На маргините на форумот, министерот Муцунски оствари одвоени билатерални средби со своите колеги – шефовите на дипломатија на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ; на Косово, Доника Гервала-Шварц; на Грузија, Мака Бочоришвили; и на Молдавија, Михај Попшои.