Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ДОМ: Стоп за регулаторното уназадување во областа на минералните суровини и концесиите – јавниот интерес мора да биде приоритет

ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековните измени поврзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековните измени поврзани со Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои отвораат простор за значително олеснување на постапките за доделувањето концесии и користењето на природните ресурси, се наведува во соопштението од ДОМ.

Иако овие измени се претставуваат како технички или економски унапредувања, нивниот ефект може да биде долгорочен и со трајни негативни ефекти врз животната средина и одржливиот економски развој на државата.

ДОМ предупредува дека предложените измени во законската регулатива можат да доведат до:

Реклама

·        намалување на нивото на заштита на животната средина и природните ресурси;

·        олеснет пристап до концесии без доволно строги еколошки и општествени критериуми;

·        отворање можности за користење на земјиште со нерешени имотно-правни односи при со што се создава правна и социјална несигурност;

·        приоритет на краткорочен профит пред долгорочен јавен интерес и здравјето на граѓаните;

·        зголемен ризик од деградација на земјиштето, водите и биодиверзитетот.

Особено загрижува фактот што ваквите законски измени се носат по скратена постапка, наместо со широка и отворена јавна дебата во која ќе бидат вклучени експертската јавност и граѓаните.

ДОМ како еден од предлагачите на суштинските измени во Законот за минерални суровини во 2019 година учествуваше во процесот на нивното усвојување со јасна цел – зајакнување на заштитата на животната средина, здравјето на граѓаните и јавниот интерес во сектор кој по својата природа носи високи еколошки ризици.

Потсетуваме дека овој процес беше воден од фактот дека рударската индустрија не смее да функционира без строги еколошки стандарди и силни механизми за контрола и одговорност.

Во таа насока, како политички субјект кој континуирано се залага и има директен придонес во унапредувањето на оваа област јасно порачуваме дека реформите мора да значат зајакнување на заштитата, а не нејзино уривање.

Ниту една законска измена во делот на минералните суровини и доделувањето концеции не смее да резултира со:

·        олеснување на контролата врз концесиите;

·        деградација на животната средина;

·        или ставање на профитот над јавниот интерес и здравјето на граѓаните.

Природните ресурси на Македонија се јавно добро од стратешко значење, а не приватен интерес. Затоа, недозволиво е измените кои се највауваат и се преглагаат со овие законски измени да се третираат како технички, а притоа да имаат суштински последици врз нивото на заштита на животната средина, правото на сопственост, управувањето со ресурсите и приоритетот помеѓу јавниот интерес и профитот на поединци.

ДОМ ќе продолжи активно да се спротивставува на решенија кои одат на штета на граѓаните и ќе инсистира на високи еколошки и правни стандарди во сите процеси поврзани со концесии и користење на природните ресурси.