Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Хороскоп

Дневен хороскоп за 31 јули 2025 година

Погледнете што ви подготвиле ѕвездите денес во љубовта, работата и здравјето. ОВЕННе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Погледнете што ви подготвиле ѕвездите денес во љубовта, работата и здравјето.

ОВЕН
Не мора сè да ви биде под контрола. На работа ве чека интересна задача што бара креативност. Можно е да почнете да флертувате со некој што досега сте го гледале само како пријател. Ако сте во врска, ќе најдете заеднички јазик со партнерот таму каде што мислевте дека го нема. Одличен ден за физичка активност.

БИК
Денес сте практични и решавате проблеми што другите ги избегнуваат. Можна е симпатија кон личност што ве инспирира интелектуално. Ако сте во врска, ќе посакате да се вратите на стари убави навики. Обрнете внимание на исхраната – телото бара витамини.

Реклама

БЛИЗНАЦИ
Денес размислувате во многу насоки – и тоа ќе ви помогне. Можно е ново познанство или почеток на интересен проект. Ако сте сами, неочекувана порака ќе ви го разубави денот. Ако сте во врска, ќе се обидете да избегате од монотонијата. Здравјето е во ред.

РАК
Уживате во познатото – стари лица, стари места. На работа, се навраќате на нешто старо, но сега со ново значење. Можно е дружење што ќе прерасне во нешто повеќе. Зафатените ќе кажат зборови што партнерот одамна сакал да ги чуе. Избегнувајте тешка храна.

ЛАВ
Блескате без да се трудите. На работа, ве забележуваат влијателни луѓе – искористете ја шансата. Можна е убава средба во најобична ситуација. Ако сте во врска, ќе посакате повеќе нежност. Имате силна енергија – внимавајте да не претерувате.

ДЕВИЦА
Сè што е неуредно ве иритира. На работа сакате ред, но не сите мислат како вас. Можна е нова симпатија преку хоби. Ако сте во врска, размислувате за чувствата. Можни се болки во грбот – одморете повеќе.

ВАГА
Добро се снаоѓате кога треба да смирите тешки ситуации. На работа ќе бидете мост меѓу две страни. Можно е ново познанство со некој сосема различен од вас. Ако сте во врска, ќе се потсетите на стара нежност. Музиката или уметноста ќе ви годат.

ШКОРПИЈА
Работите ви стануваат појасни. Ќе решите недоразбирање и ќе се фокусирате подобро. Ќе ве привлече личност што досега не сте ја забележале. Во врската, тишината ќе ви донесе блискост. Медитацијата ќе ви помогне да се опуштите.

СТРЕЛЕЦ
Се враќате на позитивното. Ќе се отвори можност за нешто што долго сте го посакувале – можеби учење или патување. Ќе добиете интересна покана. Ако сте во врска, ќе размислувате за заеднички проект. Пазете си ги стапалата – одморајте повеќе.

ЈАРЕЦ
Барате стабилност, но денот носи хаос. Ќе останете смирени и кога другите паничат. Ќе ви пријде помлада личност со интерес. Ако сте во врска, ќе се трудите да ги усогласите обврските и љубовта. Добро би ви дошол ден без мобилен и работа.

ВОДОЛИЈА
Потребен ви е простор за себе. На работа ќе се појави личност со сличен начин на размислување – тоа ќе ве инспирира. Можно е запознавање преку интернет што ќе прерасне во подлабока врска. Ако сте во врска, ќе зборувате за иднината. Пазете си ги очите и вратот – одмарајте.

РИБИ
Чувствителни сте на сè околу вас. Некој ќе побара ваш совет – тоа ќе ви даде самодоверба. Ќе се заљубите во нечија добрина. Ако сте во врска, ќе ве стоплат мали гестови на внимание. Пијте доволно вода – ќе ви годи.