Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Хороскоп

Дневен хороскоп за 29 декември 2025 година

Што ви порачуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето? ОвенДневниот хороскоп за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што ви порачуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето?

Овен
Дневниот хороскоп за 29 декември 2025 година покажува дека на работното место наидувате на отпор кон вашите идеи, особено кога станува збор за рокови и финансии. Наместо расправија, понудете јасни аргументи и конкретни примери. Во односите се можни ситни несогласувања поради различни потреби за одмор. Заморот и нервозата укажуваат на недостиг од сон. Финансиска понуда проверете ја внимателно пред да ја прифатите.

Бик
Плановите за кои мислевте дека се завршени повторно се актуелни. На работа покажете подготвеност за разговор, но не отстапувајте од клучните ставови. Промените кај партнерот ви внесуваат немир, но отвораат простор за заеднички раст. Внимавајте на крвниот притисок и на исцрпеноста. Се препорачува поголема штедливост.

Реклама

Близнаци
Пред вас е избор меѓу брза корист и долгорочна сигурност. Деловните понуди изгледаат примамливо, но бараат дополнителна проверка. Во љубовта се можни недоразбирања поради неискажани очекувања. Краток и искрен разговор може да реши многу. Нервозата ќе ја намалите со зголемена физичка активност. Избегнувајте импулсивни купувања.

Рак
Преземате повеќе обврски отколку што реално можете да изнесете, особено на работа. Поставете јасни граници за да ја сочувате енергијата. Во семејството се можни несогласувања околу обврските, а правичната поделба носи мир. Финансиската состојба бара претпазливост, особено кај заедничките договори. Сонот и одморот директно влијаат на вашето здравје.

Лав
Дневниот хороскоп за 29 декември 2025 година вели дека надредените го забележуваат вашиот труд, но постои личност што се обидува да си го припише. Зачувајте докази за сработеното и останете смирени. Во љубовта избегнувајте меѓусебни обвинувања. Пари пристигнуваат, но дел ќе заминат за непланирани трошоци. Внимавајте на ‘рбетот и зглобовите, особено ако долго седите.

Девица
Се наоѓате меѓу туѓите барања и сопствените потреби. На работа јасно дефинирајте што е, а што не е ваша одговорност. На партнерот му е потребно внимание, дури и преку кратка порака. Стресот може да се одрази на варењето. Дома се можни ситни дефекти – препуштете ја работата на стручни лица.

Вага
Дневниот хороскоп за 29 декември 2025 година најавува застои и одложувања, затоа бидете трпеливи. Не мора сè да држите под контрола – делегирањето ќе ви го олесни денот. Друштвените обврски ве исцрпуваат, па внимателно бирајте со кого се среќавате. Финансиските одлуки носете ги без брзање. Главоболка и уморни очи укажуваат на потреба од пауза од екраните.

Шкорпија
Желбата за слобода се судира со правилата, особено на работното место. Понудете алтернатива, но останете во рамките на договореното. Во односите е важно навреме да му ги најавите плановите на партнерот. Трошоците може да бидат поголеми од очекуваното, па финансиска резерва е неопходна. Внимавајте на грбот и зглобовите.

Стрелец
Склоноста кон сомнеж ве тера да ги преиспитувате туѓите намери. Пред да донесете заклучоци, проверете ги фактите. Стари теми во врската повторно излегуваат на површина и овојпат се неопходни јасни објаснувања. Избегнувајте финансиски понуди со „сигурна заработка“. Недостигот од сон влијае врз расположението.

Јарец
Новите идеи наидуваат на отпор, но со добра подготовка и мудар план ќе добиете поддршка. Во приватниот живот не барајте разбирање без да го покажете први. Прво дајте, па потоа очекувајте. Бидете внимателни со парите – ништо не потпишувајте без темелно читање. Наталожениот стрес бара тишина и пауза.

Водолија
Почувствителни сте од вообичаено и лесно ги преземате туѓите обврски. Поставете јасни граници на работа. Во врската е важно да започнете разговор и да кажете што ве мачи. Ако со партнерот планирате купување, внимавајте да не бидете измамени. Можно е зголемена чувствителност на кожата и алергии. Креативните активности ви носат емоционално олеснување.

Риби
Дневниот хороскоп за 29 декември 2025 година покажува дека од вас се очекува поголема иницијатива од вообичаено. Не прифаќајте дополнителни обврски без јасен договор. Во односите се можни несогласувања околу пари или семејни одлуки, но мирно објаснување носи решение. Финансиската состојба се подобрува. Внимавајте на исхраната и на крвниот притисок.