Еве што ви порачуваат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата и здравјето!
ОВЕН
Денот започнува бурно. Премногу луѓе имаат мислење за вашата работа, а вие немате трпение за туѓи совети. Во љубовта, една реченица може да предизвика варница – партнерот сè сфаќа лично, а вие немате желба да објаснувате. Слободните Овни ќе сретнат интересна личност преку работа, но таа носи мала доза ризик. Главата и нервите ви се под тензија.
БИК
Партнерот го тестира вашето трпение, а вие се обидувате да останете смирени, но тоа оди тешко. Слободните Бикови ќе влезат во флерт кој ќе им разбуди стара несигурност. На работа се случуваат промени зад кулисите – не брзајте со одлуките. Пари трошите на ситни задоволства кои брзо поминуваат. Чувајте го желудникот и грлото, избегнувајте доцни оброци и ладни пијалаци.

БЛИЗНАЦИ
Некој во вашето окружување игра двојна игра, и вие тоа почнувате да го забележувате. Во љубовта владее неизвесност – партнерот ги крие чувствата, а слободните Близнаци привлекуваат погрешни типови. На работа темпото е забрзано, но имате можност да се истакнете. Финансиската состојба е променлива. Одморете ги очите и не останувајте до доцна пред компјутер.
РАК
Емоционално тежок ден. Партнерот не го разбира вашето молчење, а вам ви недостига сила за објаснување. Слободните Ракови размислуваат за некој од минатото – срцето и разумот повторно се во судир. На работа ве очекува важен разговор што може да ги промени плановите. Желудникот ви е чувствителен, избегнувајте стрес и тешка храна.
ЛАВ
Денес сте на раб на трпението – партнерот ве провоцира со погледи и молчење. Слободните Лавови флертуваат со личност што истовремено ги нервира и привлекува. Работата бара решителност и брзи реакции, а парите пристигнуваат од неочекуван извор. Можно е покачен притисок или главоболка, па избегнувајте расправии и кофеин.
ДЕВИЦА
Ситниците ве вадат од такт, а партнерот ја забележува вашата нервоза. Слободните Девици ги привлекуваат луѓе што не можат лесно да ги „прочитаат“ – и токму тоа ги интригира. На работа имате шанса да го покажете своето знаење, но избегнувајте претерана педантност. Финансиската состојба е стабилна. Внимавајте на сонот и варењето.
ВАГА
Ден исполнет со емоции и зборови што можат да повредат. Партнерот реагира на секоја ваша забелешка, а слободните Ваги не се сигурни дали да се вратат на стар контакт. На работа ви треба дипломатија – некој ве набљудува и оценува. Пари пристигнуваат преку соработка. Телото бара рамнотежа – вечерта посветете ја на мир и истегнување.
ШКОРПИЈА
Интензивен ден – полн со страсти, сомнежи и тајни. Партнерот поставува прашања на кои немате подготвен одговор. Слободните Шкорпии влегуваат во приказна што носи возбуда, но и опасност. На работа, некој се обидува да си ги припише вашите заслуги – верувајте ѝ на интуицијата. Можно е чувство на напнатост и несоница, па избегнувајте тешка храна пред спиење.
СТРЕЛЕЦ
Сè тргнува наопаку кога се обидувате да останете смирени. Партнерот е премногу чувствителен, а вие немате волја за дипломатија. Слободните Стрелци влегуваат во флерт што лесно може да стане комплициран. Работата бара концентрација – не потценувајте ги деталите. Пари се трошат побрзо отколку што пристигнуваат. Чувајте го желудникот, не јадете набрзина.
ЈАРЕЦ
Партнерот ќе ве изненади со зборови што ќе ја сменат атмосферата во врската. Слободните Јарци ќе добијат порака од некој што не го заборавиле. На работа се решава нешто важно, а вашата сериозност ви носи почит. Финансиски сте стабилни, но избегнувајте да позајмувате. Вратот и рамената се под напнатост – прошетајте и опуштете се.
ВОДОЛИЈА
Неочекувана порака од минатото ќе разбуди стари чувства. Партнерот ја забележува вашата промена и станува сомничав. Слободните Водолии не знаат дали да одговорат или да премолчат. На работа успешно решавате проблем што другите не можеле. Финансиски – мал плус. Менталниот замор е силен, па ви годи долга прошетка и тишина.
РИБИ
Денес емоциите ве преплавуваат, но интуицијата точно ви покажува на кого можете да му верувате. Партнерот бара сигурност, а вие сте мечтателни и отсутни. Слободните Риби влегуваат во романса што личи на бегство од реалноста. Работата се одвива поспоро, но без пречки. Внимавајте на синусите и промените на притисокот – избегнувајте студени пијалаци и ветер.
