Што ви порачуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето
Овен
Денес е особено важно да бидете внимателни со парите. Се појавува можност за дополнителна заработка, но не носете избрзани одлуки. На работа имаат доверба во вас и се потпираат на вашето мислење, но не преземајте премногу обврски одеднаш. Во односот со партнерот можни се тензии поврзани со домашни прашања. Внимавајте на исхраната и одвојте повеќе време за одмор.
Бик
Обврските се натрупуваат, а од вас се очекува да преземете повеќе отколку вообичаено. Разговорот со претпоставените ќе помине добро доколку јасно ги поставите своите граници. Во љубовта избегнувајте импулсивни реакции, старите теми лесно може да предизвикаат расправија. Трошоците се зголемуваат, а вие тешко одолевате на ситни купувања. Можни се главоболки поради напор – забавете го темпото.

Близнаци
Денес најмногу се посветувате на семејните теми. Потребно е внимателно размислување за да се најдат решенија за одредени проблеми. Работната состојба е стабилна, иако се појавуваат помали, непланирани задачи. Во емотивните односи полесно наоѓате заеднички јазик. Финансиите се под контрола. Имунитетот е почувствителен – облекувајте се потопло и хранете се полесно.
Рак
Информациите што ќе ги добиете во текот на денот може да ги променат вашите планови, па потребна е брза приспособливост. Избегнувајте избрзани одлуки. Во љубовта се отвора важен разговор кој ќе помогне да расчистите значајни прашања. Не трошете пари импулсивно. Можно е чувство на напнатост во вратот и рамената.
Лав
Интуицијата денес ви е силна и сигурно ве води. На работа обрнете внимание на деталите и јасно дефинирајте ги своите граници. Во врската ја зајакнувате блискоста со партнерот преку искрени и емотивни разговори. Можни се неочекувани приходи, но не трошете веднаш. Потребно ви е повеќе сон.
Девица
Работите интензивно во тим, но резултатите доаѓаат побавно отколку што очекувате. Во љубовниот живот доаѓаат до израз разликите во ставовите – и вие и партнерот треба да бидете попрактични. Време е да ги преиспитате трошоците и да ги намалите непотребните издатоци. Се чувствува замор од премногу информации, па ќе ви годи пауза без екрани.
Вага
Редот и добрата организација ви помагаат да се истакнете на работа. Семејните проблеми бараат разговор и трпение. Финансиската состојба е стабилна, иако ве очекува дополнителен трошок. Емотивно сте посмирени од претходните денови. Внимавајте на зглобовите и избегнувајте физички напор.
Шкорпија
Се отвора можност за учење или нови познанства кои може да бидат корисни во иднина. Во односот со партнерот важно е да ги изразите своите желби без притисок. Финансиската состојба бара внимателност, особено кога станува збор за поголеми купувања. Променливото расположение ќе се смири со престој во природа или кратка прошетка.
Стрелец
Луѓето ви се обраќаат за совет и поддршка, но не е потребно да ги решавате туѓите проблеми. Деловен разговор може да донесе интересна понуда, доколку внимателно ги проверите условите. Во љубовта ви годат малите знаци на внимание. Финансиските одлуки носете ги со ладна глава. Очите се чувствителни – правете почести паузи од екраните.
Јарец
На работа се можни ситни грешки, затоа бидете дополнително внимателни и трпеливи. Во односите со блиските обидете се помалку да критикувате, а повеќе да го цените вложениот труд. Финансиите се стабилни, а можно е и пријатно изненадување. Заморот е изразен – внимавајте на грбот и држењето на телото.
Водолија
Успешно наоѓате решенија за помали проблеми на работа, со поддршка од пријателите и семејството. Советот на ѕвездите е да избегнувате улога на посредник, доколку тоа не е дел од вашите работни обврски. Разговорот со партнерот за заедничкиот буџет носи олеснување. Денес сте почувствителни – одморете ги очите од телефон и социјални мрежи.
Риби
Време е да се соочите со старите семејни прашања. Искрениот разговор носи олеснување, но имајте предвид дека не е конечено решение. На работа изборете се за она што ви припаѓа. Финансиската состојба е променлива, па избегнувајте ризични трошоци. Чувствителниот нервен систем бара мир и дистанца од конфликти.
