Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Хороскоп

Дневен хороскоп за 26 септември 2025 година

Еве што ви носат ѕвездите во љубовта, работата и здравјето ОВЕНДинамичен ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еве што ви носат ѕвездите во љубовта, работата и здравјето

ОВЕН
Динамичен ден на работа – идеите брзо доаѓаат, но внимавајте на расправии. Во љубовта се можни осцилации, а слободните би можеле да сретнат некој од минатото. Потребна ви е повеќе физичка активност.

БИК
Важите за личност од доверба на која секогаш може да се потпре околината, а тоа ви носи успех. Партнерот ви покажува внимание, а слободните ќе запознаат некого во семејно или блиско опкружување. Вечерта носи мир во домот.

БЛИЗНАЦИ
Денот е исполнет со подлабоки разговори и промени на работа. Слична ситуација и во љубовта – партнерот сака искрен дијалог, а слободните запознаваат интересна личност. Малите пропусти ги надополнувате со шарм.

Реклама

РАК
Интуицијата ве води и одлуките што ги носите се вистински погодок! Внимавајте, сепак, да не ве исцрпат туѓите проблеми. Во љубовта односот со партнерот се подобрува и блискоста расте. Кај слободните е можно будење на стари чувства кон поранешен партнер.

ЛАВ
Ќе бидете во центарот на вниманието, вашите идеи добиваат поддршка. Во љубовта сте потпора на партнерот, а слободните привлекуваат погледи. Вечерта носи прилика да заблескате.

ДЕВИЦА
Деталите ве окупираат на работа, но пазете да не претерате во анализите и да изгубите време. Партнерот бара практични решенија, а слободните запознаваат некого на јавно место. Можно е проблеми со крвниот притисок.

ВАГА
Успешно смирувате тензии на работа, но не заборавајте да ги заштитите и своите интереси. Во љубовта се можни несогласувања со партнерот. Слободните би можеле да доживеат љубов на прв поглед.

ШКОРПИЈА
Остроумни сте и забележувате сè што се случува на работа. Иако сте во право, воздржете се од критики. Љубовниот живот е интензивен, со партнерот решавате важни прашања. Слободните започнуваат возбудлив флерт.

СТРЕЛЕЦ
Ентузијазмот ве носи, но деталите ви бегаат. Обидете се да ја смирите енергијата. Во љубовта доаѓа искрено признание – партнерот ви ја отвора душата. Слободните ќе имаат прилика да запознаат некого на патување.

ЈАРЕЦ
Фокусирани сте на долгорочни цели. Не дозволувајте другите да си припишуваат заслуги за вашиот труд. Во врска или брак ве очекува стабилност. Слободните ќе бидат пријатно изненадени – ќе запознаат личност од доверба. Здравјето е солидно.

ВОДОЛИЈА
Блискате на работа – секогаш имате оригинални решенија. Во љубовта ве очекува отворен разговор со партнерот, но можно е да не ви се допадне тоа што ќе го чуете. Ако не сте во врска, постои можност за запознавање преку социјалните мрежи.

РИБИ
Интуицијата ви помага да донесете исправни одлуки, но не се потпирајте само на „чувство“ – проверете ги фактите. Партнерот бара поголема блискост, а слободните запознаваат личност со која ќе почувствуваат посебна поврзаност. Можно е болки во грбот.