Еве што ви порачуваат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата и здравјето!
ОВЕН
Денешниот хороскоп за 26 октомври вели дека партнерот ве нервира, не затоа што направил нешто, туку затоа што премногу молчи. Нереčenите зборови висат во воздухот како облак пред бура. Слободните Овни се играат со оган – флертот со зафатена личност може да биде опасно возбудлив. Пари се трошат на ситници, а потоа следи грижа на совест. Главоболката предупредува да не претерувате – ни со емоции, ни со кафе.
БИК
Вашата тврдоглавост денес може да предизвика мала драма. Партнерот не попушта, а ни вие не знаете да застанете – и ете искри. Слободните Бикови привлекуваат внимание, но тешко избираат помеѓу две лица што им се допаѓаат. Пари се трошат без контрола, особено ако излезете „само кратко“ во шопинг. Внимавајте на желудникот – таму прво се насобира нервозата.

БЛИЗНАЦИ
Свада што подолго време тлеела може денес да избие поради порака што не требаше гласно да ја прочитате. Слободните Близнаци паѓаат под шармот на некој што не е онаков каков што изгледа. Пари пристигнуваат, но исто толку брзо и си одат. Некој ќе ве наговори на непотребен трошок. Можен е замор и пад на концентрацијата – најдобро е да се одморите и да избегнете драма.
РАК
Ден исполнет со емоции и ситни нервози. Партнерот ви забележува за ситници, а вие се обидувате да го задржите мирот, иако најмногу би сакале да треснете со вратата. Слободните Ракови флертуваат со личност од минатото и ризикуваат повторно да направат стара грешка. Пари одат на подароци или на обврски што не се ваши. Внимавајте на желудникот – стресот ве стигнува.
ЛАВ
Хороскопот за 26 октомври најавува дека денес немате трпение за ничии глупости – ни на партнерот, ни на пријателите. Расположението ви се менува брзо, па лесно може да влезете во расправија. Слободните Лавови привлекуваат внимание, но прашање е дали навистина ги интересира некој освен онаа личност што не можат да ја имаат. Пари се трошат на луксуз – како да е викенд премиера. Внимавајте на срцето и притисокот.
ДЕВИЦА
Нешто што ќе го каже партнерот денес ќе ве повреди повеќе отколку што сакате да признаете. Во сè барате смисла, а можеби станува збор само за недоразбирање. Слободните Девици губат глава по личност што делува „проблематично“, но е неодоливо привлечна. Финансиите се стабилни, но трошите на ситни задоволства и ритуали за смирување. Сонoт ќе биде немирен – премногу мисли во глава.
ВАГА
Романтиката денес е на стаклени нозе. Партнерот е нервозен, а вие се обидувате да го смирите со шарм и насмевка. Слободните Ваги имаат шанса да обноват контакт со некој што се јавува „случајно“. Пари одат на уживање, но барем тоа ве радува. Телото бара рамнотежа – вечерно истегнување и малку тишина ќе ви бидат најдобар лек.
ШКОРПИЈА
Денот е наполнет со тензии и сомнежи. Партнерот ве гледа со прашање во очите, а вие се правите дека не гледате. Слободните Шкорпии мислат на личност што е забрането овошје. Финансиски грижи се можни поради неисплатен долг или сметка. Телото реагира со несоница – премногу мисли за едно вечер.
СТРЕЛЕЦ
Вие сакате мир, но мирот никако да ве најде. Партнерот денес делува ладно, а вие преку шеги се обидувате да ја сокриете повреденоста. Слободните Стрелци влегуваат во флерт што може да стане вистински емоционален хаос. Пари се трошат на храна, пијалак и друштво – на сè што ве забавува во моментот. Пазете се од прејадување, не мора секоја емоција да се „голта“.
ЈАРЕЦ
Партнерот ве тестира со прашања на кои нема вистински одговор. Слободните Јарци размислуваат за некој што се оддалечил, но сè уште не е заборавен. Финансиската состојба е стабилна, но вие сте напнати како да следи катастрофа. Телото реагира со болка во вратот и рамената. Време е да се опуштите – ако треба, и на сила.
ВОДОЛИЈА
Некој од минатото повторно се појавува и ви го нарушува мирот. Партнерот го чувствува тоа, па следи сцена на љубомора. Слободните Водолии не знаат дали да се вратат на старо или да продолжат понатаму. Пари доаѓаат како изненаден подарок, но веднаш исчезнуваат. Главата ви е полна – спијте подолго и не анализирајте премногу.
РИБИ
Денот е обоен со чувства и сомнежи. Партнерот менува расположение – час зборува за вечност, час за пауза. Слободните Риби се надеваат на некој што не знае што сака. Пари циркулираат, но не остануваат кај вас. Ситните трошоци се зголемуваат. Здравјето е добро, но нервозата создава притисок во градите. Длабоко дишење и тишина ќе ви го вратат балансот.
